17 Октомври, 2024
0.0262

СО НОВАТА КАМПАЊА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“ ДОАЃААТ И ЧЕТИРИ НОВИ ПЕНЗИСКИ ПАРКОВИ

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Четвртото продолжение на едукативната кампања „Засади желба за одржлива иднина“ годинава ќе донесе нови едукативни содржини за македонскиот пензиски систем и четири нови Пензиски паркови. По десетте средни училишта и Архитектонскиот факултет, свој парк годинава ќе добијат и Правниот факултет „Јустинијан Први“, гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин” и основните училишта „Јохан Хајнрих Песталоци” и „Љубен Лапе".

Создавањето Пензиски паркови е веќе препознатлива активност за оваа кампања, бидејќи, како што велат од пензиските друштва, дрвјата се најдобра симболика за суштината на постепеното градење пензиска заштеда во чиишто плодови ќе уживаме години подоцна, тогаш кога ќе ни бидат најпотребни.

Денес, учениците од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ први ја имаа честа да учествуваат во садењето на нивниот парк, заедно со претставници од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје.

Настанот со свое обраќање го отвори директорката на училиштето, Елена Стојанова – Димитров.

„Големо задоволство и радост ни е, што оваа година и нашата гимназија СУГС ,,Раде Јовчевски - Корчагин" е дел од кампањата Засади желба за одржлива иднина. Нашата одговорност и света должност е да им оставиме чиста иднина на нашите деца и да ги научиме да ја чуваат природата.Голема благодарност до организаторите оваа зелена кампања, КБ Прво пензиско друштво, Триглав пензиско друштво и Сава пензиско друштво, кои го одбраа нашето училиште да биде дел од училиштата со свој Пензиски парк.

Само со вакви активности на дело заеднички ќе придонесеме младите да научат како да ја засадат својата иднина, да ја негуваат и да ги користат благодетите од неа. Токму ваквите општествено одговорни организации придонесуваат за подигнување на свеста кај децата за здрава и еколошки чиста средина.

Гимназијата „Корчагин“со години наназад им всадува на учениците култ кон природата, грижејќи се и одржувајќи ги  дворните површини, нашето популарно пацио коешто би било празно без зеленилата. Со зголемување на фондот на засадени дрвја, активно учествуваме во здрава и чиста животна средина. Преку вакви еколошки оправдани и потребни кампањи, директно ги подучуваме младите како и на кој начин да ја изберат, да ја негуваат и да вложуваат во својата иднина“ – истакна Елена Стојанова – Димитров.

Претставник на пензиските друштва беше Иван Стојановиќ, член на Управниот одбор во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, кој се обрати до учениците.

„Благодарност до СУГС ,,Раде Јовчевски Корчагин”, кое ја поддржа оваа наша иницијатива и кампања, како и до сите кои ги пренесуваат и ќе ги пренесуваат нашите активности во подигнувањето на свесноста за реформираниот пензиски систем. Денес, преку кампањата „Засади желба 4.0“, имаме можност да создадеме зелена иднина.

Уште на самиот почеток во 2021 година, кога и започнавме со истата, бевме насочени кон што е можно повеќе општествено одговорни активности во училиштата со идејата да се одржи грижатата за иднината, за почиста животна средина  преку симболиката на засадување дрвја и создавање зелени паркови. Таа иницијатива полека станува традиција и кампањата ја реализираме четврта година по ред што е потврда дека малите чекори може да доведат до големи промени. Секое засадено дрво е симбол на надеж, а секој зелен парк е простор за нови можности.

Никогаш не е доцна за да ја развиваме нашата финансиска писменост и токму со оваа кампања и со активностите кои се дел од истата, континуирано сакаме позитивно да влијаеме на различните генерации, а посебно помладите, кои во иднина ќе бидат и наши потенцијални членови.

Ние од пензиските друштва заедно со регулаторот МАПАС сме активни учесници во креирањето на пензиските политики и веруваме дека овие генерации во кои што сега вложуваме, ќе имаат појасна слика за реформата, ќе изградат добри навики за управување и инвестирање на нивните финансии, со што ќе се  зацврсти довербата во системот и во пензиските друштва“ – истакна во своето обраќање Стојановиќ.

По едукацијата за важноста од активната грижа за сопствените финансии и за околината, како клучни елементи за поубава иднина, беше засаден Пензискиот парк во чии рамки беше поставена и нова клупа на која учениците од „Раде Јовчевски Корчагин“ ќе можат да уживаат во раззеленетиот училишен двор.

На настанот, во име на учениците се обрати и Бисера Ацеска, којашто ја пренесе нивната благодарност за Пензискиот парк и ветување дека заедно ќе го чуваат и негуваат. 

Ова е четврта година по ред како пензиските друштва ја едуцираат јавноста за придобивките од членувањето во задолжителниот и доброволниот пензиски фонд под мотото „Засади желба“, а нивните заеднички активности за јавно информирање и едукација се одржуваат веќе девет години.

Сите информации и активности поврзани со кампањата „Засади желба за одржлива иднина“ се достапни на веб страницата www.penzija.mk 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Зошто патничкото осигурување е важна и неопходна заштита за секој патник

Зошто патничкото осигурување е важна и неопходна заштита за секој патник

Diamond Mall прославува прв роденден со концерт на Саша Ковачевиќ

Diamond Mall прославува прв роденден со концерт на Саша Ковачевиќ

Халкбанк продолжува со својата посветеност на развојот на културната сцена во Македонија

Халкбанк продолжува со својата посветеност на развојот на културната сцена во Македонија

STEMployability ги зголемува шансите за вработување на студентите по инженерство

STEMployability ги зголемува шансите за вработување на студентите по инженерство

Дали за 10 години ќе го поставуваме прашањето „се сеќавате ли кога луѓето пушеа цигари?

Дали за 10 години ќе го поставуваме прашањето „се сеќавате ли кога луѓето пушеа цигари?

Стефан Стојановиќ пречекан со сите почести во карате клубот „Макпетрол“

Стефан Стојановиќ пречекан со сите почести во карате клубот „Макпетрол“

Јапонска вечер во Limak Skopje Luxury Hotel – егзотични вкусови од земјата на изгрејсонцето

Јапонска вечер во Limak Skopje Luxury Hotel – егзотични вкусови од земјата на изгрејсонцето

Услугата “Плати преку линк” (Pay by link) за првпат во Македонија

Услугата “Плати преку линк” (Pay by link) за првпат во Македонија

ПроКредит го лансираше Предраг – првиот дигитален банкарски асистент кој ги доближува корисниците до иднината на дигиталното банкарство

ПроКредит го лансираше Предраг – првиот дигитален банкарски асистент кој ги доближува корисниците до иднината на дигиталното банкарство