КОЈ ПЛАТИ БЛИЗУ 800 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - два блока по високи цени, кои се мотивите
Објавено во: Финансии 16 Октомври, 2024 08:20
Не престануваат интересните вести од Стопанска банка Битола. Оваа банка неодамна беше во центарот на домашната бизнис јавност, кога сите нејзини акционери добија понуда да ги продадат сите свои акции за цена од 3.200 денари за акција, и на чие големо изненадување најголемиот дел од нив, односно 55 проценти, ја одбија понудата.
Откако вчера Стопанска банка Битола информираше дека прави одредени промени во највисоките управни тела, односно номинира член од Надзорниот одбор како вршител на должноста член на Управниот одбор се до комплетирање на неговиот полн состав, на Берзата поминаа две блок трансакции со акциите на таа банка.
И, се постигна навистина висока цена. Иако станува збор за помали пакети акции, но не и воопшто безначајни, особено доколку се има предвид дисперзираноста на акционерската структура, односно бројните различни акционери кои имаат капитал во таа банка, а кој се откри токму преку понудата и проспектот кои беа доставени од Комерцијална банка.
Вчера поминале две блок трансакции со акциите на Стопанска банка Битола, и тоа во едната помина пакет од 2,11 отсто, а втората пакет од близу еден процент, или 0,98 проценти.Тоа се значајни сопственички промени, бидејќи продажбите се за еден и однапред познат продавач, а не знаеме дали овие два пакети ги купил еден инвеститор, или станува збор за двајца.
Дали и кој го намалил или зголемил својот капитал, би се знаело евентуално во понеделник, кога Централниот депозитар за хартии од вредност ќе ја ревидира акционерската структура на компаниите.
Она што е заедничко и за двете трансакции е дека на нив се постигна прилично висока цена за акциите, и тоа во првата по 4.100 денари за акција, а во втората 3.920 денари.
Па, прашањето е кој беше подготвен да плати толку високи суми за акциите, односно дали е тоа некој од постојните акционери, или, пак, влегуваат и други инвеститори.
Или едноставно кажано, првиот пакет од 0,98 отсто се продаде за вкупна вредност од 257 илјади евра, додека, пак, вториот пакет од 2,11 отсто, достигна вкупна вредност од 526 илјади евра.
А последното тргување на редовниот пазар со овие акции било на 14 октомври, односно завчера, кога се истргувале 540 акции, по цена од 3.200 денари за акција, или токму онаа што беше понудена од Комерцијална банка.
Од Стопанска банка Битола неодамна известија дека се стабилни и продолжуваат самостојно да делуваат.
Пелистерка се уште доминира како единствен акционер со над 5 отсто и има 16,99 проценти, но заедно со „Тимох“ поседуваат 21,88 отсто од акциите.
Освен „Пелистерка“, ова се преостанатите акционери на Стопанска банка Битола.
Трајан Маслалковски располага со пакет од 4,99 отсто од акциите. Тони Јосифовски има само една акција помалку, што исто одговара на 4,99 отсто. Ненад Јосифовиќ располага со 4,93 отсто, а компанијата ДПТУУ Тимох ДОО Скопје, како што мапишавме, поседува 4,86 отсто од акциите.
Самиот холдинг ОРКА, пак, поседува нешто помалку, односно пакет олд 4,68 отсто. Потоа, таму е акционер и Друштвото Нет електроникс Владимир ДООЕЛ Скопје, кое има во сопственост 4,15 отсто.
На листата како акционер следна е компанијата Скопски пазар, која има во свој посед 4,10 отсто.
Уште еден интересен акционер, а тоа е друштвото Бест Веј Инвестмент ДООЕЛ, кое е во сопственост на бизнисменот Сашо Мијалков, со 3,85 отсто.
И, акционерот Русе Иљоски поседува 3,67 отсто од капиталот.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





