17 Октомври, 2024
0.0272

STEMployability ги зголемува шансите за вработување на студентите по инженерство

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Според неколку студии, голем процент од менаџерите сметаат дека комуникациските вештини на штотуку дипломираните инженери многу често се слаби. При тоа, кога на регрутирањето ќе влезат две лица со слични квалификации, но различни комуникациски вештини и вештини за самопрезентација, јазот може да предизвика значителна нееднаквост. Оној со подобри вештини за комуникација и самопрезентација обично ја добива работата. Проектот STEMployability е создаден да ја промени токму таа реалност за сите студенти по инженерство.

Во текот на оваа програма, ќе бидат реализирани серија дводневни обуки за вкупно 100 учесници од обучувачи од Хрватска и Македонија. Методологијата ќе биде инклузивна и прилагодена на различните знаења, а секој учесник ќе добие електронска форма на книгата „Како да се вработите“ од Гордана Фргачиќ од Хрватска. Првите две дводневни обуки веќе се одржаа во текот на оваа недела, третата ќе биде во текот на месец ноември, а преостанатите две дводневни обуки ќе бидат одржани во првата половина од 2025. година.Термините за нив ќе бидат дополнително објавени на сајтотhttps://stemployability.mk/

Учесниците кои ќе бидат дел од STEMployability ќе научат како да: напишат професионална биографија и мотивационо писмо, користејќи го форматот EUROPASS, како да се однесуваaт професионално и ефективно за време на интервју за работа, како да почувствуваат што е во позадина доколку им се постават енигматични или поретко поставувани прашања на интервју за работа,  како да успеат во центрите за проценка (Assessment centers). Генерално, програмата има за цел да ја зголеми довербата и подготвеноста кај студентите по инженерство за интервјуа за работа и кариера што доведува до повисоки стапки на вработување.

Воедно, следејќи ја визијата Еразмус+, за поттикнување еколошки и одржлив начин на размислување, учесниците ќе бидат активно ангажирани во создавање позелена површина околу инженерскиот кампус во Скопје.

Зад проектот STEMployability, стојат „Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење“, друштвото за развој на човечки потенцијал „Хоризонт Интернационал“ и хрватската консултантска компанија „Treći Gabrijel d.o.o„.

Проектот е финансиран од страна на Европската Унија. 

Сите информации поврзани со проектот можете да ги најдете на https://stemployability.mk/

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

СО НОВАТА КАМПАЊА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“ ДОАЃААТ И ЧЕТИРИ НОВИ ПЕНЗИСКИ ПАРКОВИ

СО НОВАТА КАМПАЊА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“ ДОАЃААТ И ЧЕТИРИ НОВИ ПЕНЗИСКИ ПАРКОВИ

Зошто патничкото осигурување е важна и неопходна заштита за секој патник

Зошто патничкото осигурување е важна и неопходна заштита за секој патник

Diamond Mall прославува прв роденден со концерт на Саша Ковачевиќ

Diamond Mall прославува прв роденден со концерт на Саша Ковачевиќ

Халкбанк продолжува со својата посветеност на развојот на културната сцена во Македонија

Халкбанк продолжува со својата посветеност на развојот на културната сцена во Македонија

Дали за 10 години ќе го поставуваме прашањето „се сеќавате ли кога луѓето пушеа цигари?

Дали за 10 години ќе го поставуваме прашањето „се сеќавате ли кога луѓето пушеа цигари?

Стефан Стојановиќ пречекан со сите почести во карате клубот „Макпетрол“

Стефан Стојановиќ пречекан со сите почести во карате клубот „Макпетрол“

Јапонска вечер во Limak Skopje Luxury Hotel – егзотични вкусови од земјата на изгрејсонцето

Јапонска вечер во Limak Skopje Luxury Hotel – егзотични вкусови од земјата на изгрејсонцето

Услугата “Плати преку линк” (Pay by link) за првпат во Македонија

Услугата “Плати преку линк” (Pay by link) за првпат во Македонија

ПроКредит го лансираше Предраг – првиот дигитален банкарски асистент кој ги доближува корисниците до иднината на дигиталното банкарство

ПроКредит го лансираше Предраг – првиот дигитален банкарски асистент кој ги доближува корисниците до иднината на дигиталното банкарство