05 Декември, 2025
0.0337

ВО НОВИ ФИРМИ ОД ОВА ЛЕТО: До пред една година беа функционери на власт, сега се обидуваат да станат бизнисмени

Објавено во: Економија 25 Септември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

По една година откако се разрешени како функционери од претходната власт, се испробуваат како претприемачи по долго време минато како директори на државни позиции именувани најчесто директно од самата Влада. На некои од нив периодот минат од разрешувањето до регистрирањето на фирмата се поклопува со времето за добивање на годишна апанажа.

Никица Бачовски до јули 2024 беше повеќегодишен директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, позната како „платежна агенција“ која работи со ИПАРД-програмите. Бачовски од овој јули ја основа фирмата „Енларгиа Кoнсалтинг“ со седиште во Скопје заедно со уште двајца партнери. За „Фактор“ вели дека се одлучил да продолжи со работа како консултант, наместо да се намести со политички врски и да остане вработен во јавниот сектор.

- Идејата во суштина е наместо да зафаќаме место во веќе преполната јавна администрација , да се обидеме да го понудиме нашето искуство главно кон приватниот сектор, но и јавните институции - генерално во делот на обуки и логистичка поддршка за информирање за можностите кои се нудат од европските и другите меѓународни фондови за поддршка на инвестиции за малите и средни претпријатија, но и за тренинг на внатрешни капацитети на компаниите за следење и аплицирање на јавни повици за финансиска поддршка. Исто така планираме да понудиме поддршка за анализа на јавни политики и обезбедување на правна усогласеност со закони и регулативи, ни рече Бачовски.

Дарио Николовски до пред една година беше директор на Агенцијата за енергетика, а претходно и директор на Студентски дом Скопје, под чија капа се најголемите студентски домови во главниот град, а на таа позиција дојде како претседател на младината на СДСМ.

Тој од изминатиот јули е основач на „Домус Футура Груп“, заедно со Павле Андонов од Колешино, инаку директор на Колид Фудс, една од најголемите дистрибутерски компании за малопродажба во земјата,  како и со уште еден партнер. Дејноста на фирмата од Скопје е за изградба на згради и станови.

- Тоа е фирма која е само регистрирана од пред некој месец, а нема уште ниту основачки влог. Така што далеку сме ние од тоа дека веднаш сега ќе градиме некакви проекти, вели Николовски.

Ѓоко Трајчевски, долгогодишниот директор на Градски трговски центат - Скопје во период кога таму имаше нерасчистен и истовремено демантиран случај со копање на криптовалути, од минатиот месец е сопственик на фирма за производство на електрична енергија. 

- Повеќе не сум директор и мора нешто да се работи во животот, ни изјави кратко Трајчевски, кој во новоотвореното претпријатие е партнер со уште двајца основачи.

Борче Хаџиев до минатото лето беше долгогодишен функционер - прво како директор на Фондот за осигурување на банкарските депозити, а потоа на чело на Бирото за јавни набавки. Од август е бизнисмен, но не како основач на нова фирма,туку со добиен удел во веќе постоечката „Пирамида Доо“ од Струмица.

Станува збор за компанија за производство на мебел, а таму веќе сопственици се струмичките бизнисмени Кирил Маглешев и Дамјан Ангов.

Виктор Андонов долго време беше советник во претходната Влада за енергетика, а последниот период од претходното владеење тој го мина како секторски директор за развој на АД ЕСМ. Од јуни тој е основач на „Енва Солушн“ за инженерски дејности и поврзано техничко советување.

А:К.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“