19 Декември, 2025
0.0528

СО ПОДВОДЕН ДРОН СЕ ТРАГА ПО МАРТИН НА ХАЛКИДИКИ: Камерата обезбедува слика на длабочина од 100 метри

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2022 07:36

Добивај вести на Viber

Спасувачката акција по младиот скопјанец кој уште во саботата исчезна во морето во Посеиди на Халкидики продожува неуморно од страна на грчките волонтери и крајбрежната стража. Медиумите во соседна Грција јавуваат дека и подводен дрон е вклучен за да се лоцира момчето, за кое како што се наведува, не знаел добро да плива.

Потрагите, како што наведува in.gr засега остануваат без резултати и продолжуваат во тешки услови, бидејќи во моментов дуваат ветрови од пет бофори, соопштуваат од крајбрежната стража, додавајќи дека во операцијата е вклучен пловен објект на крајбрежната стража и два параедриличари, а претходно трагал и хеликоптер.

Подводниот дрон е на располагање на волонтерскиот спасувачки тим OFKATH и, како што изјави за АПЕ-МПЕ шефот на тимот, Христос Рамос, ќе биде ставен во функција веднаш штом ќе се намали интензитетот на ветровите, додека камерата обезбедува слика на длабочина од 100 метри и фронтална должина од 30 метри.

Оперативниот менаџер на Грчкиот спасувачки тим, Алексис Лиамос, за АПЕ-МПЕ зборуваше за тешкотиите на операцијата, објаснувајќи дека силните морски струи во комбинација со посебните метеоролошки услови многу го отежнуваат полето на потрагата. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот