20 Мај, 2024
0.0269

Со помош од Европската унија, почна обновата на браната Мавровица кај Свети Николе

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Почна санацијата на браната Мавровица во близина на Свети Николе. Проектот кој се одвива во рамките на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите чини 175.000 евра и предвидува целосна реконструкција на низводната косина на браната и санација на други оштетени делови.

„Ова претставува само прва фаза на мерките на санација. Понатаму, како втора фаза, се планира санација на преливниот орган и слапиштето на браната, за што обезбедени се дополнителни средства“, изјави Димитрија Сековски, Раководител на Програмата.

Браната Мавровица е од исклучително значење за овчеполскиот регион кој со децении се соочува со недостаток на вода. Иако водата од акумулацијата, по изградбата на хидро-системот Злетовица и браната Кнежево, повеќе не се користи за пиење, сепак игра клучна улога во наводнувањето на земјоделските површини во овој, претежно земјоделски крај.

Акумулацијата, долга 1,3 километри, висока 26 и широка околу 500 метри, е пуштена во употреба во 1980 година и досега освен санација на преливниот орган во 1985 година, досега немало интервенција за реконструкција на браната.

Реконструкцијата на браната Мавровица е еден од проектите финансирани со средства од Европската унија во рамки намултимилионската Програма на ЕУ за санација на штетите од поплавите во 2015 година.

Сите проекти ги спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АД Водостопанство, Министерство за животна средина и просторно планирање и локалните власти.

Можеби ќе ве интересира

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“