03 Мај, 2024
0.0268

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

Објавено во: Економија 23 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Подоходовните акционерски друштва и и институции во државна сопственост биле задолжени од Владата да издвојат 270 милиони денари (4,42 милиони евра) и да им ги дадат како „позајмици“ на претпријатијата кои со години се мачат во своето функционирање и чии работници најавуваат протести и штрајкови дури и во предизборен период.

Владата на седницата на 13 март, според записникот што е објавен дури сега, од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) побарала да даде заем од 50 милиони денари за поранешно „Македонија пат“, АД Аеродроми треба да издвои 100 милиони денари за АД „Пошта“, додека АД Државна лотарија е предвидено да обезбеди 120 милиони денари за ЈП за стопанисување со пасишта, „Национални шуми“ и за ЈП Железничка инфраструктура.

„Согласно укажувањата на Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, се укажува на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони да даде заем од 50 милиони денари на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта-Скопје ц.о., Акционерското друштво за аеродромски услуги „Аеродроми на Република Северна Македонија“ во државна сопственост да даде заем од 100 милиони денари на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост-Скопје и Акционерското друштво за приредување на игри на среќа, Државна лотарија на Северна Македонија да даде заем од 120 милиони денари и тоа: 20 милиони денари на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта-Скопје, 50 милиони денари на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“-П.О. Скопје и 50 милиони денари на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“-Скопје“, наведено е во владиниот заклучок.

Дирекцијата (ТИРЗ) има свои испланирани средства кои му следуваат од националниот буџет, „Државна лотарија“ е друштво во државна сопственост кое редовно остварува најголема добивка, но останува прашањето од каде АД Аеродроми на РСМ ќе ги најде овие пари. Ова претпријатие, за кое речиси не може да се дознае ништо за неговото финансиско работење, досега се знаеше дека остварува мали приходи од рента на деловен простор и од наем на системите за сигнализација на аеродромските писти од турската компанија ТАВ, концесионер на аеродромите во Скопје и Охрид.

„Се задолжува Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, од секое од претпријатијата и акционерските друштво кои имаат потреба од финансиска помош да побара компаративна финансиска анализа со податоци за остварени приходи за 2023 година и расходи за плати и придонеси во 2023 година и да продолжи со напорите за изнаоѓање на соодветно решение за обезбедување на позајмици на петте претпријатија и акционерски друштва кои имаат потреба од финансиска помош“, дополнето е во владиниот заклучок.

За „Пошта“ и „Национални шуми“, друштва со голем број на вработени, веќе подолго време се знае во јавноста дека опстојуваат со финансиски тешкотии и беа приматели на директна државна помош, но овој пат меѓу „заемобарателите“ се најдоа и други државни служби. „Македонија пат“ има редовна финансиска поддршка од ЈП „Државни патишта“ за своите услуги, додека „Железници Инфраструктура“, за разлика од „Железници Транспорт“ секогаш имала стабилна финансиска основа.

А:К.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски