19 Декември, 2025
0.0586

СО РЕЧИСИ ИСТ ПРАГ КАКО ОНОЈ КОЈ ГО УКИНА УСТАВНИОТ СУД: Собранието ќе го гласа Изборниот законик

Објавено во: Македонија 16 Август, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

На собранискиот календар на веб сајтот, без претходна најава за медиумите, вчера беше објавено дека е закажана седницата на која единствена точка на дневен ред се измените на Изборниот законик, по брза постапка.

Во него, предвидени се 0,95% потписи од запишаните избирачи во општината или во Град Скопје, во зависност од тоа за каде е независната листа – бројка што е речиси еднаква колку што се потребни гласови за еден советник.

„Кога подносител на листа на кандидати за членови на Совет, односно листа на кандидат за градоначалник е група избирачи, е потребно да се соберат најмалку 0,95% потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список за општината, односно Градот Скопје“, стои во предлог измените кои се на дневен ред.

Истата бројка е предвидена и доколку група избирачи поднесе кандидатура за пратеници, но наместо од општината, треба да соберат 0.95% од изборната единица.

„Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 0,95% потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица“, се предвидува во предложените измени.

Претходните измени на Изборниот законик кои ги укина Уставниот суд предвидуваа 1% - речиси идентично како оние кои пратениците ќе ги гласаат денеска. Бројката е намалена од 1 на 0,95 бидејќи Собранието не може да донесе Законски одредби кои веќе еднаш Уставниот суд ги укинал.

Иако имаше реакции до собраниските служби зошто при закажување на седницата не беа известени медиумите, немаше никаков одговор од таму.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно рече дека Изборниот законик стои во Собранието, но е блокиран од опозициската ДУИ, со барање, било кој член да може да стави вето во Државната изборна комисија. Останува нејасно како власта се договори со партијата на Али Ахмети, оваа блокада да биде тргната и да се донесе Изборниот законик.

Поради овие измени, независните листи кои на претходните избори освоија советнички мандати, овојпат почнаа да собираат потписи за оформување на политички партии, а со цел да можат да учествуваат на претстојните локални избори.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот