Со сегашното темпо јавниот долг ќе надмине 40 отсто од БДП во 2015!
Објавено во: Финансии 21 Април, 2013
“Станува збор за “конзервативно сценарио “ што ги зема во предвид сите можни ризици, како внатрешни така и надворешни. Оваа просечна стапка на економски раст се прогнозира во ситуација кога очекувањата за опоравување на европските економии сеуште не навестуваат оптимизам, односно не се очекува позначајно заздравување на економиите од Европската Унија“ - изјави за “Фактор“ Маријан Николов од Центарот за економски анализи.Аналитичарите посочуваат дека удел за забавениот економски раст има не само европската криза, туку и домашните случувања. Големо влијаие имаат изборите, односно годините во кои се спроведуваат изборните процеси може да се сметаат како “економски загубени“ години, кои ја намалуваат стапката на економски раст.. Освен за економскиот раст, аналитичарите во фокусот на дебатата го ставаат и транспарентното трошење на буџетските пари. Македонија останува во групата на земји што не обезбедуваат податоци за целосна транспарентност во трошењата. Шефицата на Меѓународниот Монетарен Фонд, Ивана Владкова Холар на дебатата посветена токму на транспарентност во јавните финасии, побара од Владата да изработува Стратегија за управување со Јавниот Долг.
“Потребно е реструктуирање на трошоците, да се троши за инфраструктура и за капитални проекти од кои државата ќе има бенифит и од кои ќе се поттикне економскиот раст. Сметам дека треба да се врати Стратегијата за управување на долгот на среден рок “ - изјави Холар.Таа додава дека Македонија има стабилен економски раст, но не доволен, за да се почуствува подобрување и да се намали невработеноста.
„Сметам дека е потребно да се реорганизира производството кон производи со поголема додадена вредност.“ - порача шефицата на ММФ за Македонија.Истражувањата на Центарот за економски анализа упатуваат на зголемување на транспарентноста и формирање на Граѓански Буџет.
„Граѓанскиот буџет е нетехничко претставување на целите кои владата сака да ги постигне следната година преку буџетот, како инструмент. Ова е прв пат во Македонија да се изработи ваков документ и тој веќе е достапен од Центарот за економски анализи. Целта е методолгијата да се пренесе на Министерството за финасии за да може овој докмумент да се креира континуирано што ќе придонесе да се подобри фискалната транспарентност во земјава. “ - објаснува Николов.До каде ќе оди јавниот долг ? Македонија е пред опасност во следните 4 години да ја надмине границата од 40% Јавен долг во однос на Бруто Домашниот Производ. Маријан Николов од Центарот за економски анализи и професорката Шенај Хаџимустафа разработуваат две можни сценарија за движење на јавниот долг. Според првото сценарио, при примарен дефицит од 2,1%, долгот на Централната Влада би надминал 40% од БДП во средината на 2015 тата година. Во второто сценарио, при примарен дефицит од 1,4%, долгот на Централната Влада побавно би се продлабочувал, со што границата од 40 отсто од БДП би се достигнала во 2018 та година. Според едно истражување што било спроведено од страна на Меѓународниот Монетарен Фонд, во 2007 ма година се сугерира дека јавниот долг од 25% се смета за разумно ниво за задолжување на Македонија – објавуваат аналитичарите Николов и Хаџимустафа. Сметаат дека земјите во развој имаат помал простор за маневар со јавниот долг отколку развиените земји. Анализата покажува дека Македонија со забрзано темпо го зголемува јавниот долг. Трендот на пораст на вкупниот Јавен Долг почнува во 2008 ма година, при што во 2012 та година се случува позначајно зголемување на внатрешниот долг на сметка на намалување на надворешниот долг.
“Основен предизвик за Владата е како да управува со јавните финасии во услови на намален фискален простор и кога веќе е потребно буџетско прилагодување, може да се делува од страна на приходите, расходите или преку управување со јавниот долг. Но, тука е многу важно ефективната каматна стапка да е на одржлива патека. Колку што се зголемува долгот како процент од БДП, толку повеќе кредиторите ќе наплаќаат повисока премија за ризикот, односно за каматите. Се надеваме дека новата фискална стратегија што ја најави министерот за финасии ќе биде со поголем кавлитет и поблиску до среднорочната фисклана рамка“ - изјави Николов.Просечната каматна стапка за отплата на внатрешните долгови изнесува 5 % додека просечната каматна стапка за отплата на надворешните долгови се движи до 4 %. Дури 70 отсто од јавниот долг е во странска валута. Според премиерот Никола Груевски сумарната оцена на ММФ докажала дека Македонија не е високо задолжена земја и дека влегува во најмалку задолжените земји. Вчера Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов изразија задоволство од разговорите со претставниците на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка кои се одржуваат во Вашингтон. Нивото на државниот долг на Македонија е оценето како умерено и е едно од најниските во Европа, што секако е охрабрувачки знак подвлекоа, македонските претставници. А.Д.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.