Со сок од портокал ги лажирале брзите ковид тестови
Објавено во: Свет, Корона Вирус 09 Јули, 2021 15:26
За да добијат отсуство од настава, ученици во Британија нашле начин како да ги лажираат брзите ковид тестови.
Британските ученици употребуваат сок од портокал за да го лажираат брзиот ковид-тест.
Како што пишува „Гардијан“, најверојатно киселоста на овој освежителен пијалак, влијае на резултатот на тестот. Ефектот, наводно, е виден и со голем број други намирници и пијалоци, вклучувајќи кечап и „Кока-кола“. Ова, според некои наставници, учениците го користат како одлична можност да добијат две недели ослободување од училиште. Џон Дикс, професор на Универзитетот во Бирмингем, ја критикува оваа нова практика.
„Лажно-позитивниот тест влијае не само врз детето, туку и врз неговото семејство и училишната средина и затоа е себично да се направи тоа. Постојат многу помалку штетни начини за да се отсуствува од училиште“, вели тој.
Трикот беше прикажан и на социјалната мрежа Тик-Ток.
foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро





