СО СПУТНИК В ОД УТРЕ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, А НЕ СТАРИ ЛИЦА - од МЗ велат, ова е поради проширување на ковид капацитетите во земјава
Објавено во: Македонија 09 Март, 2021 12:59
Утре во поликлиниката Букурешт започнува ревакцинацијата со вакцината Фајзер. Во поликлиниката Јане Сандански ќе се одвива имунизација со вакцината Спутник. Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.
На наше прашање за тоа кои лица од утре всушност ќе се вакционираат, од Министерството за здравство велат дека поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање на ковид инфрекција, од сите институции во државата.
Преку vakcinacija.mk се направени 76.990 пријави. Од страна на матични лекари направени се 53.473 анкетa. До сега вкупно се пријавени (и од сајт и од матичен) 61.908 лица над 70 години.
Вкупно вакцинирани: 3.759Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




