19 Декември, 2025
0.0969

Со Стопанска банка Скопје до најнов модел на Philips Android 4K телевизор на 24 рати без камата

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2014 19:18

Добивај вести на Viber

Најновиот одек на технологијата од лабораторијата на Philips, ултра тенките телевизори, Philips Android 4K, од денес, 7-ми ноември ќе можат да се набават на 24 рати, без камата, како резултат на заедничката соработка меѓу Техномаркет и Стопанска Банка. Станува збор за исклучително поволна безкаматна кредитна можност, која е овозможена единствено преку Стопанска банка Скопје, која и официјално беше промовирана во е-банк продавницата на банката. „Задоволството на нашите клиенти отсекогаш било приоритет во нашето работење.Токму затоа отсекогаш сме настојувале да креираме банкарски производи кои ги задоволуваат нивните потреби. И овој пат нудиме единствена можност, да се дојде до телевизор од соништата на 24 рати без камата. На сите кои ќе се решат да ја искористат оваа можност им посакуваме исклучително искуство и доживување гледајќи ги своите омилени програми во едно поинакво светло“, изјави Стефан Пеповски од Стопанска банка. Карактеристиките и перформансите на револуционерните Android модели на Philips телевизорите,  49PUS7809 и 55PUS7809, беа свечено презентирани во присуство на многу клиенти на Стопанска Банка и Техномаркет. Стручни лица од претставништвото на компанијата Philips од Македонија и обучени тренери од Техномаркет говореа за можностите и предностите на Philips Android ултра тенките 4К телевизори. Во јануари 2014 година, Стопанска банка во центарот на градот (платото на кејот пред мостот ОКО) ја отвори првата концепт филијала “i-bank store“ која претставува прва филијала на банката во која не постојат готовински трансакции, а достапни се сите останати банкарски услуги за населението во опуштена атмосфера пред првата природна вертикална градина направена во затворен простор. Во оваа филијала не само што може во продолжено работно време да се искористат дигиталните i-bank сервиси на банката (е-банкинг, м-банкинг, АТМ банкинг, телефонско банкарство), и да се добијат корисни совети и демонстрација на уредите кои се достапни за увид и користење. Новиот модел на Philips телевизорот ќе остане во i-bank store филијалата на СБ до 15 Ноември 2014 година, за време на работното време од  10:00 – 20:00 часот.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка