Со трактори и комбајни протестираат „За заедничка Македонија“
Објавено во: Македонија 10 Март, 2017 19:02
Луѓето кои се дел од иницијативата „За заедничка Македонија“ вечерва протестираат со трактори и еден комбајн прекриени со македонски знамиња.
Земјоделците даваат поддршка на протестите со цел да се сочува унитарниот карактер на Македонија.
Тие изразија огромно разочарување од лидерот на СДСМ, Зоран Заев поради, како што напишаа на официјалниот нивни профил на социјалната мрежа Фејсбук неотфрлањето на Тиранската платформа чија цел според нив е редефинирање на граѓанска Македонија.
Побараа јасно и недвосмислено целосно отфрлање на платформата и најавија дека продолжуваат со протестите се до целосно исполнување на нивните барања.
Денеска е десетти ден од протестите во Скопје и други дваесетина градови низ Македонија.
Пејачи, актери, припадници на помалите етнички заедници, спортисти се појавија на протестите деновиве или пак дадоа поддршка на социјалните мрежи со свој став.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




