Со зголемена конкурентност на фармите до зајакнување на руралната егзистенција
Објавено во: Агробизнис 25 Мај, 2022
Локалното производство на храна никогаш не било поважно, и неопходно е да се максимизира искористеноста на земјиштето. Најголемите структурни проблеми на македонското земјоделство и основен лимитирачки фактор за поголема конкурентната способност на земјоделците е малата површина на земјоделските стопанства и прекумерната расцепканост на површините. Ова го порачаа учесниците на 13. Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ што се одржува денеска и утре во Скопје.
- Повеќето земјоделски стопанства во Северна Македонија се помали од два хектара, наспроти 16,6 хектари просечна големина на земјоделските стопанства во ЕУ. Дополнително, малите земјоделски стопанства во државата се расцепкани на пет или повеќе ситни парцели со неправилна форма, оддалечени една од друга - што ја намалува продуктивноста, конкурентноста и ефикасноста на фармите и оневозможува инвестиции во модернизација и економија од обем. Дополнителен предизвик е недоволната и застарена земјоделска инфраструктура – пристапни патишта, системи за наводнување и одводнување. Конкуренцијата на пазарот на ЕУ и во глобалната економија едноставно не е возможна со ваква структура на земјоделското земјиште - рече Јован Стојановски, шеф на Кабинет на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во овој контекст тој се осврна на поддршката што земјава ја добива од ФАО и ЕУ преку проектот „Воведување национална програма за консолидација на земјиште” (МЕИНЛЕНД). Стојановски дополни дека досега во рамки на МАИНЛАНД консолидацијата на земјиштето успешно се финализираше во две подрачја, а седум други подрачја се во напредна фаза на распределба на земјиштето. Крајната цел, истакна Стојановски, е да се подобри структурата на околу 3.000 хектари земјоделско земјиште, од што директен бенефит ќе имаат околу 2.500 сопственици на земјиште, нивните семејства и заедници.
Набил Ганги од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија преку видео обраќање оцени дека Северна Македонија во последниве години се разви во водечка земја за поддршка на ФАО за консолидација на земјиштето во регионот, особено преку тековниот проект МАИНЛАНД финансиран од ЕУ, а научените лекции од воведувањето на консолидација ќе биде една од клучните теми на работилницата.
- Би сакал да изразам благодарност до Министерството за земјоделство, Делегацијата на ЕУ и до сите чинители и партнери во земјата за нивната доверба и укажаната можност да работат заедно за решавање на една од најважните пречки за развојот на земјоделскиот сектор во Северна Македонија – прекумерна фрагментација на земјиштето, големини на мали фарми и недоволна земјоделска инфраструктура. Крајната цел на поддршката е да се зголеми конкурентноста на фармите, да се зајакне руралната егзистенција и да се подобри одржливоста во управувањето со природните ресурси во Северна Македонија - нагласи Ганги.
На работилницата во Скопје што се одржува во хибриден формат, учествуваат повеќе од 180 професионалци од областа на управувањето со земјиштето од околу 40 земји, главно од Европа и Централна Азија, а претставници од Данска, Латвија и Словенија ќе споделат добри практики и искуства од нивните држави во оваа област.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.