Собранието го донесе Буџетот за 2017, СДСМ не гласаше, распуштањето на Парламентот неизвесно
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2016
Со вкупно 72 гласа „за“ и 37 „против“ и ниту еден воздржан пратеник Собранието го изгласа Буџетот за 2017 година.
Пред да се донесе буџетот имаше дискусија меѓу пратениците во која од пратеничката група на СДСМ рекоа дека нема да го гласаат овој буџет кој според нив е тешка фабричка грешка.
Пратеникот Сугаревски од СДСМ рече дека неговата партија нема да го гласа овој буџет кој по 11 Декември ќе се промени.
Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ пак рече дека новиот буџет е во интерес на граѓаните бидејќи не се загрозени ниту пензиите, ниту платите а ни субвенциите.
Орхан Ибраими од ДПА пак рече дека за нив овој Буџет не е прифатлив зашто не се разликува по ништо од сите досегашни буџети кои ги носела власта и ДУИ. Тој потенцираше дека постојано им се крати на Албанците во буџетите на власта дека инфраструктурата каде што живеат тие е катастрофална.
Засега е неизвесно дали Собранието ќе се распушти.
Од СДСМ исто така побараа точката за распуштање на Парламентот претседателот Трајко Вељаноски да ја стави втора точка на седницата, но засега од тоа ништо.