Добивај вести на Viber
Законот за земјоделство и рурален развој, после двонеделни препукувања меѓу пратениците, вчера беше изгласен. Пратениците од опозицијата за предлог измените на Законот повторно гласаа воздржано, бидејќи не беше прифатен ниту еден од нивните поднесени пет амандмани, а особено најважниот за земјоделците, прецизирање на роковите за исплата на субвенциите.
„Со ова се докажа сето лицемерие и лажење на земјоделците од страна на ВМРО ДПМНЕ. Две недели ја малтретираа јавноста, организираа контрапротести, правеа пресови за да ја обвинат опозицијата зошто не го донесоа законот, а вистината беше една, договор меѓу коалиционите партнери за да се оцрни СДСМ. Кога беше гласањето првиот пат ДУИ гласаше против, а дел од пратениците од ВМРО ДПМНЕ нарочно излегоа од салата. Вчера ние повторно бевме воздржани бидејќи не сакаме да учествуваме и да им дадеме легитимитет да продолжат да ги крадат субвенциите, што се виде на надзорната расправа но законот помина . Ова е потврда дека сето ова време дрско и безобразно ги лажеа земјоделците“, изјави Ленче Николовска, претседател на Комисија за земјоделство и рурален развој.
Според предлагачите пак, со донесувањето на измените ќе се овозможи долгорочно планирање на мерките за поддршка во земјоделството и на политиките за реализација на државната помош. Дел од предложените измени се Програмата за развој на земјоделството и рурален развој да биде планирана за пет години, дополнителна поддршка до 20 проценти за земјоделски стопанства и еднократна парична помош до 120 илјади денари за социјално необезбедените земјоделски семејства.
„ Без разлика на нашите различни политички погледи и концепти како треба да се развива земјоделството и итно да се донесе овој закон за да може од Владата да работи на усогласување на прописите со кои ќе може да се пребијат долговите“, рече Ромео Тремов, кој го образложи законското решение.
Законот за земјоделство и рурален развој сега треба да го усвои и Владата, па откако ќе излезе во Службен весник, ќе се применува и на терен.
Предлог измените на Законот поднесени од група пратеници од парламентарното мнозинство, неколку пати се најдоа на матичната собраниска комисија. А пратеницте меѓусебно се обвинува за тоа кој бил виновен за ненавременото носење на Законот. Според опозициските пратеници, власта нема пари да и ги исплати субвенциите, од друга страна пак владејачката коалиција обвнивуваше дека опозицијата е виновна што земјоделците не можеле да го добијат Законот навреме.
Но не само пратенците, Законот ги раскара и подели и земјоделците. Изминатиот период додека се расправаше по предлог измените, јавноста беше сведок на низа протести и контрапротести. Едните ја бранеа Власта, другите опозцијата, иако и двете страни постојано апелираа политиката да не се меша во земјоделството. Но во целата ситуација на меѓусебни обвинувања и препукувања, никој не обрати внимание на актуелните проблеми, кризата за добиточна храна која сериозно му се заканува на сточарството и која што драстично ќе ги зголеми цените на основните прехрамбени производи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.