СОЦИЈАЛИСТИТЕ ОД ЕУ: Иванов ги подгрева националистичките чувства
Објавено во: Македонија 02 Март, 2017 15:24
Европските социјалисти од Европскиот парламент (ЕП) најстрого ја осудија одлуката на претседателот, Ѓорѓе Иванов за одбивање на мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тие го повикуваат Иванов да го почитува Уставот и да не измислува извинувања за да го спречи Заев да го добие мандатот.
„Тоа е тотално неприфатливо и Европа мора да реагира на најстрог начин. Најлошото во ова е што тоа ги подгрева националистичките чувства и тоа може да има несогледиви последици. Првите знаци веќе се гледаат: новинарите беа нападнати од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ; повеќе од 20 локални канцеларии на партиите беа нападнати; пратениците на СДСМ беа цел на навреди – кај некои куќите беа вандализирани и тие се постојани надгледувани од неидентификувани индивидуи. Ние ќе сметаме дека претседателот Иванов и ВМРО-ДПМНЕ се одговори за било кое влошување на ситуацијата во земјата”- изјави Виктор Боштинару, потпретседател на групата на Европските социјалисти во ЕП.
Тони Пицула, известувачот во сенка за Македонија на Европските социјалисти ги обвини Иванов и ВМРО-ДПМНЕ за подгревање на етнички тензии во земјата само за да останат на власт со незаконски средства.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




