17 Декември, 2025
0.2293

Социјални вработувања: Се примаат 1600 – аплицирале 25 илјади невработени!

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2013 20:39

Добивај вести на Viber

Повеќе од 25 илјади апликации пристигнале на огласот за вработување на социјално загрозени лица во јавните претпријатија. Огласот го објави ЈП Македонски шуми и на него се аплицира на 1600 нови вработувања. Сепак, конечната бројка ќе се знае во понеделник кога ќе пристигнат сите апликации испратени по пошта, објави порталот „Економски мк“,  повикувајќи се на изјавата на Жарко Караџоски, директор на ЈП „Македонски шуми“. Според Караџоски, само вчера, на последниот работен ден, пристигнале околу 1.700 апликации. Обработката на документите на кандидатите ќе почне во понеделник, по што посебен софтвер ќе се врши селекција на пријавните кандидати. „Потоа вработените во ЈП „Македонски шуми“ ќе бидат преземени од институциите кои имаат потреба од нови работници. Целата постапка ќе заврши до Нова година“, изјави Караџоски. Со овој оглас се бараат социјално загрозени лица четири категории и тоа долгорочно невработени лица, родители со многу деца, самохрани родители и семејства без ниту еден вработен.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје