19 Декември, 2025
0.0591

СОФИЈАНОВА ЗА ФАКТОР: Искрено посакувам да си најдам сопатник со кого ќе делам и радосни и тажни моменти

Објавено во: Македонија 07 Јануари, 2021 19:02

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања од следната година.

Проф. д-р. Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести во Новата 2021 година очекува дека ќе заврши човечката голгота со неможноста да се гушнеме, зошто емоциите луѓето најмногу ги доживуваат со допирот на телата и топлата прегратка.

-2020 Ми беше голема лекција цо животот, која што ме симна под дното, а потоа ме вивна во височините. Искуството со кое се соочув од евентуално гибење на животот на еден од родителите, кој за среќа се спаси, ми направи огромни промени во животот. Од еден таков момент, истовремено доживеав и невидена радост, а тоа беше средбата со мојот внук. Сфатив дека животот е раѓање и умирање, а во меѓувреме, ако не се бориш, времето си одминува, тече...Или ќе потрчаш по нештата или времето ќе те згази.

Јас имам навистина богата фамилија, богато семејство, но многу е убаво да се има партнер-сопатник покрај себе за да се сподели и добро и зло, а сето тоа засолено со здравје и љубов. Тоа е мојата искрена желба од дното на дуѓата за 2021 година. Истовремено очекувам дека сето ова ќе заврши, дека ќе биде крај на оваа голема голгота на неможноста да се гушнеме, бидејќи ние луѓето имаме потреба емоциите да ги споделуваме и да ги доживуваме со допирот на телата и топлата прегратка.

Убедена сум и тврдам дека 2021 година ќе биде вистинско нова ера кога ќе кажеме збогум на пандемијата, и од сето ова ќе излеземе со многу подобри жи вотни лекции, кои веројатно ќе ни отворат нови патишта во разумот, изјави проф. д-р. Софијанова.  


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот