Согласност од 17-те членки доби Летонија за влез во еврозоната
Објавено во: Економија 20 Јуни, 2013 13:20
Официјално одлуката приемот на Летонија во монетарната унија од 1 јануари 2014,треба да биде донесена денеска, меѓутоа неофицијало сите 17 земји на еврозоната се согласуваат.
Официјалната одлука за прием би требало да биде донесена денес, бидејќи никој од Унијата нема приговор за приемот на Летонија, која ги исполни сите критериуми за влез, пренесува агенцијата Франс прес.
Во пракса, економските показатели на Летонија изгледаат многу подобро од повеќе земји од еврозоната. Европската комисија и Европската централна банка порачаа уште на 5 јуни прием за Летонија и констатираа дека земјата ги исполнила критериумите за воведување на единствената европска валута.
Инфлацијата во Летонија минатата година беше 1,3 проценти, што е пониско од пропишаните 2,7 проценти, дефицитот на буџетот 1,2 проценти од БДП, што е под границата од три проценти, државниот долг изнесува 40,7 проценти од БДП, што исто така е помалку од дозволените 60 проценти.
Курсот на националната валута, лета, во однос на еврото е стабилен, а долгорочните кредитни стапки се 3,8 проценти, во однос на дозволеното ниво од 5,5 проценти.
Европските институции, исто така, активно го поддржуваат влезот на Летонија, со оценка дека тој чекор, во актуелната кризна ситуација на еврото, е политички сигнал дека единствената европска валута и понатака е привлечна за новите држави.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




