СОНК СО БАРАЊЕ ДО ДИРЕКТОРИТЕ: Наставниците да работат од дома, и да им се платат прекувремените часови
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2020
Синдикатот за образование и наука, СОНК, бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи на наставниците кои се од ризичните групи граѓани да ја изведуваат наставата од дома. „Хронично болни наставници секојдневно до работа патуваат со автобус и се изложени на огромна опасност од заразување, особено постарите наставници“, вели Јаким Неделков од СОНК.
Овој Синдикат бара од директорите, по барање на наставниците да им дозволат да работат од дома и во октомвриската плата која треба да ја добијат на почетокот на ноември, да бидат пресметани дополнителните часови.
„Сите паралелки кои бројат над 20 ученици, мора да се поделат на две групи, што значи удвојување на работата на наставниците. Бараме од директорите оваа дополнителна работа да ја пресметаат и да ја стават во вид на додаток на плата, поради прекувремената работа“, вели Јаким Неделков од СОНК.
Тој тврди дека постои таков основ во Законот за работни односи и општиот колективен договор.
„ Од терен имаме информации дека одредени директори не сакаат да го спроведат Законот и колективниот договор, тврдат дека немало зголемен обем на работа, други општини и училишта велат дека немаат пари, а трети дека ќе дале слободни денови како надомест за зголемената работа. Се ова е неприфатливо за нас и бараме да им се исплатата додатоци на плата на овие вработени“, вели Неделков.
Тој им препорача на наставниците кои имаат зголемен обем на работа да се обратат до директорот преку архивата и да ги побараат своите права, а доколку добијат негативен одговор ќе следува обжалување до училишниот одбор, а потоа и тужба.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.