Сообраќајот на „Луфтханза“ се нормализира по 4-дневниот штрајк на пилотите
Објавено во: Свет 22 Март, 2015 19:07
Авиокомпанија „Луфтханза“ денеска најави дека сообраќајот e речиси нормализираn по четиридневниот штрајк на пилотите на превозникот, кои се противат на подготвeните реформи на нивните услови за пензионирање.
Летовите на кратки и средни растојанија се одвиваа нормално денес, но ограничен број летови на долги растојанија мораше да бидат откажани, прецизира портпаролот на Луфтханза.
Синдикатот на пилотите во средата повика првично за 24-часовен штрајк. Потоа сепак тој беше продолжен уште четири дена.
Вкупно 220 000 патници беа погодени од протестното движење, покажуваат податоците на авиопревозникот.
Ова е 12-ти и најдолг штрајк на пилотите чиј протест почна во април минатата година.
Синдикатот на пилотите се борат со месеци да го принудат германскиот авиопревозник да ја задржи шемата за предвремено пензионирање. Таа им овозможува на пилотите да одат во пензија на 55 години и да продолжат да добиваат 60 проценти од платата, додека не почне исплатата на државната пензија. Пилотите на компанијата се загрижени и од желбата на „Луфтханза“ да се развива во нискотарифните превози, каде се соочува со силна конкуренција.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




