19 Декември, 2025
0.0519

Сопственици на станови во изградба во Капиштец: Инвеститорот сака да ни ги врати парите, за да ги продаде поскапо

Објавено во: Македонија 06 Август, 2025 11:33

Добивај вести на Viber

Сопствениците на купени станови во изградба на ул. Козара бр. 21, Капиштец, Скопје, со писмо до јавноста објавија реакција во која тврдат дека чекаат од инвеститорот повеќе од две години да ја заврши зградата. Велат дека се сомневаат дека градежникот сака да им ги врати парите, за потоа, поради повисоката цена, да ги продаде поскапо.

Зградата на улицата „Козара“ бр.21 во центарот на Скопје требаше да биде готова во мај 2023, а инвеститорот „Нов дом инвест“ вели дека нема работна сила па затоа доцни, иако во меѓувреме, со нашите пари, почнал да гради нови згради во Дебар Маало. Нема кој да не заштити од ваквото самоволие, се вели во писмото до м

Од таму бараат заштита од државата, од која очекуваат да реагира со сите правни расположливи механизми.

„Ние, сопствениците на купени станови во изградба на улица Козара 21, Капиштец, Скопје, реагираме поради двегодишното доцнење со изградба на зградата којашто според договорите коишто ги потпишавме требаше да биде предадена во мај 2023г.

По сите наши реакции, од страна на инвеститорот „Нов Дом Инвест" (сопственици: Ален Матх, Катерина Павловска , Исмет Османи и Бесим Османи), добиваме само изговори и лажни ветувања - последното е дека зградата ќе биде готова во јули оваа година, но според динамиката на работните активности (инаку, повремено доаѓаат по еден-двајца работници коишто завршуваат незначителни работи, со цел да се остави впечаток дека работите не се целосно запрени), нема изгледи дека зградата ќе биде готова како што е ветено.

Изговорот на инвеститорот за доцнењето со изградба на зградата е дека има недостиг од работна сила на пазарот, аргумент што нема основа од причина што, во меѓувреме Инвеститорот почна со изградба на други две згради во Дебар Маало и ги заврши пред рокот на предвиденото предавање на зградата на ул. Козара бр. 21.

Вистината со доцнењето со изградбата на зградата се должи на:

- Тенденциозна злоупотреба на уплатените пари на сопствениците, коишто Инвеститорот ги користи за отпочнување на изградба на други објекти

- Намерата на Инвеститорот да манипулира со трпението на сопствениците од причина што, од моментот кога становите се купени, цената по квадрат на становите значително се покачи, а со цел сопствениците да се откажат од становите и да им бидат вратени парите по пониска цена од актуелната вредност.

Од друга страна, законската регулатива не ги штити граѓаните од овој вид злоупотреби на инвеститорите, уште повеќе, со измените во Законот за градење, истата ја поттикнува, продолжувајќи го рокот за изградба на објекти од втора категорија (станбени згради), од 6 на 10 години, изедначувајќи го со изградбата на инфраструктурни објекти од прва категорија.

Ова не е изолиран случај, бидејќи имаме сознанија и за многу други случаи на доцнење со изградба и непридржување на договорените рокови, не само од „Нов Дом Инвест", туку и од други инвеститори, при што се манипулираат граѓаните и се злоупотребуваат нивните пари.

Бараме надлежните институции:

- да преземат присилни мерки за итно завршување на зградата и

- да стават крај на градежната мафија и да ја изменат законската регулатива во поголема заштита на правата на граѓаните од ваков вид на манипулации и злоупотреба на нивните пари“, гласи интегралното писмо на сопствениците.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот