16 Декември, 2025
0.0624

Соработник на Кондоминас уапсен во Турција

Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2014 17:00

Добивај вести на Viber

Турската полиција врз основа на меѓународна потерница во Истанбул го уапси поранешниот директор на грчката „Поштенска банка“, Ангелос Филипидис.

Според грчките медиуми, Филипидис бил уапсен во еден хотел во близина на истанбулскиот плоштад Таксим. При апсењето кај Филипидис биле пронајдеи банкноти во различни валути, дозвола за престој во Швајцарија, два мобилни телефони и важечки и истечен грчки пасош.

Филипидис е едед од седуммината кои во средата беа обвинети во врска со исплатата на кредити без гаранција на грчки бизнисмени. Од седумината обвинети досега се уапсени петмина, а по двајца се објавени меѓународни потерници. Грчкото Јавно обвинителство објави документ во кој детално се опишува како грчката Поштенска банка (ТТ) во периодот меѓу 2007. и 2012. година загубила над 400 милиони евра преку „гнили“ кредити. Меѓу уапсените во мега-аферата е и Димитрис Кондоминас, еден од најпознатите бизнисмени и сопственик на една од трите најголеми радио и телевизиски станици на Грција, Алфа, како и на еден од најголемите кино-синџири во земјата. Грчкиот бизнисмен Кондоминас е познат и во Македонија како сопственик на голем плац на централниот плоштад во Скопје каде треба да гради хотел. Веста за апсењето тој ја дочека во приватна клиника, каде што се наоѓа на лекување. Тој ги негира сите обвинувања против него.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени