28 Април, 2024
0.0280

„Соросоиди“ и „домобрани“ во европскиот котел!

Објавено во: Економија, Колумни 25 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Ако веќе сте го детектирале душманот, и тој е скоро готов, во искрената борба да се победи најмалку е време меѓусебно да се  надмудрувате. Неможе да има поголем интерес за чесниот граѓанин од извојување победа врз неправдата, злото, аболицираниот арамилук, искривените вредности. „Хорхе“ ни помогна цел свет да разбере за што се бориме  и зошто реагира овој народ, каде е проблемот и зошто чарето мора што поскоро да се најде. Затоа кога веќе сме сериозно во фокусот на внимание и кај другите, сосема е илузорно да се натпреваруваме кој е во право, кој повеќе допринел за ваквиот развој на настаните. Местото на секое организирано делување во демократските општества одамна е познат. Партиите се тие што ја освојуваат и губат власта, додека невладиниот сектор по дефиниција секогаш претставува коректор на било која власт. И едните и другите нормално е секогаш да се трудат  да убедат и обединат што е можно поголема граѓанска структура околу себе, но „на крајот од денот“ сите заедно избираат политичка опција која е најблиска до нивните ставови и интереси. Не е нормално  невладиниот сектор да претендира на политички функции, затоа што тогаш не би бил невладин сектор, исто како што и партиите несмеат да очекуваат безусловна подршка од невладнините. Во тоа е и суштината на постоењето на невладиниот сектор. Постојано да биде коректор на спроведувањето на партиските политики и свест и совест на сите оние кои ќе се дрзнат од позиција на власт да ги заборават вредностите кои ги поркламирале како опозициониери. Затоа сега дегутантно е да се дискутира дали лидерот на најголемата опозициона партија треба да ги предводи протестите или не. А кој друг треба да го чини тоа, без оглед на фактот што тој е главниот „виновник“ за ваквиот развој на настаните за кои до пред 15 месеци и на невладините и на сите други да ни кажувавте дека некој ќе успее оваа авторитерна власта на овој начин да ја стегне во ќоше немаше ни од далеку да им поверуваме. Факт е дека развојот на настаните  не само што не’ стави во фокусот на Беили и Орав туку веќе го привлековме внимнието и на оние кои до пред некое време „шаком и капом“ ни даваа пари колку ни треба и колку Ставревски ќе побара. Е, очигледно, веќе нема да е така. И тие видоа и разбраа дека во Макеоднија се случува нешто повеќе од само раскалашено трошење на парите и не само што се доведува во прашање нивното сервисирање туку таквите пари се користат за реализирање на  многу „посериозни“ дела кои ги нарушуваат нормалните демократските принципи во едно општество. Затоа повеќе од значајно е токму сега да се зачува кохезијата меѓу опозицијата и граѓанскиот сектор , зошто допрва доаѓа времето кога и контрапртоестантите ќе почнат да се придружувааат кон протестантите. Како ќе пресушуваат вентилите за пензионерите, земјоделците, административците, панорманските тркала и нормално култните сендвичи, „навивачите“  ќе почнат да го менуват тимот за кој, нели, се колнеа дека до гроба ќе навиваат. Оправдана е загриженоста дека  од овие санкции и  народот ќе биде директно засегнат, но очигледно мора да разбереме дека промената на оваа власт изнудува поголеми жртви од тоа што е нормално, затоа што се работи за структура која не е подготвена така лесно да се откаже од позициите во кои се има укотвено себеси и инстуциите кои работат за неа. Странците  веќе го изгубија трпението за „пазарење“ со манипулаторот. Нееднаквоста на сите пред законот и ним им ги замрачува погледите. Не можат да останат рамнодушни кога инспираторите на криминалот се аболицираат, а извршителите (по налог на партијата) набрзо ќе се најдат и во затвор. Целта на санкциите е најдиректно да го погодат првиот меѓу нееднаквите и најблиските до првиот. Се најавува и  замрзнување на банкарски сметки и имоти и забрана за патување во ЕУ, веројатно и во САД.  Светската банка веќе ја прекина втората фаза од програмата со која требало да се обезбедат заеми за 57 општини. Станува збор за пари за инвестиции во инфраструктурата или изградба и доградба на локални патишта, канализациони мрежи и друга општинска структура. Ова секако ќе го намали интензитетот на пропагандната активност на Груевски по општините, каде како државен градоначалник исполнуваше желби на поединци, партиски активнисти, притоа, игнорирајќи ги надлежностите на општините и генерално на институциите на државата. Ама нема грешка, тоа е тоа, ако во сите демократски држави има партии и нашата владејачка партија  си има држава. Од најавените санкции посебно сериозно е одземањето на препораката за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ. Моментно,  врхушката на власт, одземањето на препораката веројатно ќе го  минимизира како нешто неважно, со оглед на постојаното вето на Грците. Уште повеќе, поради нивната фактичка незаинтересираност за решавање на проблемите кои стојат на патот на интеграцијата на земјата во ЕУ. Меѓутоа, мора да се има во предвид, дека  со изолацијата на земјата, состојбата ќе се влошува, бидејќи ќе се доведат во прашање погодностите кои земјата ги имаше во соработката со земјите на ЕУ. А со нив земјата остварува 80% од својата размена. Тоа значи, многу е реално да се очекува дека после овие санкции, ќе дојде до изолирање на земјата и до нарушување на досегашните принципи на соработка,  а тоа сериозно ќе ја зоврие водата во котелот во кој се „варат“  и протестантите и контрапротестантите. Чинот на спасување  ќе предизвика  обединување на народните сили во борбата против аболицираните криминалци од власта, на начин што, во иднина, нема никому да му текне да помилува партиски „апаши“ затоа што тие се штеточини и за протестантите и контрапротестантите . Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка