СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Забраната за влез во Грција уште трае-внимавајте на овие патни правци!
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2017 09:16
Утринските информации од Авто-мото сојузот велат дека се уште не се дозволува влез во соседна Грција за тешки товарни возила.
Причината за забраната се лошите временски услови и состојба на патиштата во соседната земја.
Што се однесува до состојбата на патиштата кај нас, од АМСМ соопштуваат дека на тешки товарни возила им е забрането да се движат на планинскиот премин Пресека, како и на патниoт правец Маврово – Дебар. Останатите возила можат да патуваат преку овие патни правци но со задолжителна зимска опрема.
Речиси на сите државни патишта се патува во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот.
Посебно внимание да се посвети на клисурите и засеци каде е можна појава на помали одрони. Такви се патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.
Возачите да се однесуваат согласно законските прописи.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




