Состојба на патиштата: Возачи внимателно кај овие патни правци
Објавено во: Македонија 23 Март, 2018 08:32
Врнежите од снег предизвикаа проблеми во одвивањето на сообраќајот.
Забрани за движење на тешки товарни возила има на Пресека, Стража, како и на патниот правец Маврово – Дебар, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, Стража и Маврово.
Од 05:10 часот утринава е укината забраната за тешки товарни возила на планинските премини Буково и Ѓавато, додека од 04:55 часот и забрната на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот премин Барбарос.
Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Од АМСМ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




