16 Мај, 2024
0.1679

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ: Зошто чевларите земаат ниски плати?

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Статистички гледано, чевларските работници во земјава земаат најниски плати, а состојбата во секторот е таква поради старите машини кои се користат, но кадарот кој е во поодминати години, а со тоа и продуктивноста е мала. 

Вработените во производство на кожа и слични производи од кожа земаат плати од 16.301 денар, според податоците на Државниот завод за статистика. Лидија Милановска од Здружението на чевлари вели дека платите се движат од 15.000 до 19.000 денари и таа не смета дека кожарскиот сектор е со најниски примања, туку дека во трговија земаат пониски плати. Oбјаснува дека доколку би  имале нови машини, доколку сопствениците на фирми добијат земјиште по едно евро за квадрат и изградат нови погони, продуктивноста би скокнала за 20 отсто, а со тоа и платите би биле повисоки. Милановскa додава и дека во образовниот процес интересот за кожарската струка е слаб. 

„Кај нас работат луѓе на возраст од 25 до 60 години. Имаме работници со средно, основно или без основно образование, значи се работи за ниско квалификувана работна сила. Колку и да е искусна работничката со стара машина не може да има голема продуктивност, а ние не можеме да си дозволиме нови машини. Нас не плаќаат по пар обувки, а не по време. И во регионот состојбата е слична. Во Србија цените на обувките се слични, и платите се како македонските, а во Албанија платите се помали, додека во Бугарија функционираат на поинаков принцип и таму продуктивноста е поголема“, рече Милановска. 

И во регионот проблемите во кожарскиот сектор се исти. Амир Меџиќ од Здружението за текстил, обувки и кожа УТОК од БиХ вели дека платите се движат од 300 до 400 евра, и варираат од фирма до фирма. Toj објаснува дека платите се ниски поради ниската цена која ја диктираат купувачите од земјите од ЕУ. 

„Производителите од земјите од Југоисточна Европа тука се практично немоќни. Што се однесува на спремност на компаниите за производство, таа е на едно високо ниво. Производителите од земјите од ЕУ доколку не добиваа производи какви сакаат, не би се задржувале на овие простори“, рече тој. 

Додава дека поради пандемијата,  имаат помалку нарачки и фирмите се во криза. Но, Меџиќ вели дека прашање е колку компаниите ќе го издржат овој период и ќе ги задржат работниците, доколку државата не интервенира. Објаснува дека во светот продажбата на обувки се намалила за 30 oтсто. Меџиќ вели дека компаниите ќе мора да се ориентираат или кон други видови производи или друг вид на производство. Според него, темата за ниските плати е широка, но ова се некои од клучните фактори зошто нема услови за повисоки примања. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно