Добивај вести на Viber
Квалитетот на животот на старите лица сместени во домови за стари лица не се подбрува, со оглед на начинот на кој се планираат и реализираат активностите, заедно со финасирањето, кои треба да ја намалат социјалната исклученост на оваа старoсна категорија на граѓани. Состојбата во дел од домовите не ги задоволува основните животни потреби. Ова е само дел од новиот ревизорски извештај кој под лупа го става начинот на работа на домовите за сместување на стари лица. Еве дел од наодите на ревизорите:
Бројот на старо население – во пораст ...
Бројот на старо население се зголемува. Државната ревизија во новиот ревизорски извештај посочува дека учеството на старото население со над 60 години ( според процените на населението во 2014 година) изнесува 18,5%. Од оваа стaросна категорија на граѓани, само 0,43% или 1 642 лица се сместени во домови за стари лица или пензионерски домови.
Од вкупниот број на лица што се сметстени во домовите, 51% или 523 лица се во прватни установи а 49%, односно 501 лице во Јавни установи –домови за стари лица.
Од 2011 година сите домови регистрирани како трговски друштва, законски требале да се лиценцираат како приватни установи за социјална заштита на стари лица.
“Со денот на вршење на ревизијата врз основа на овие мерки и редовна процедура регистрирани / основани се 17 приватни установи за социјална заштита на стари лица“ – се нотира во ревизорскиот извештај.
Квалитет на живот во државните установи за стари лица ....
Државната ревизија, врз основа на добиените податоци од одговрените прашалници и направените анализи, констатира дека до денот на извршување на ревизијата, од вкупните капацитети за сместување на стари лица во Јавните установи – домови за стари лица, искористеноста била 83%.
“Неискористениот дел од капацитетите кој изнесува 17% се должи на несоодветни услови, реновирање и отсуство на потребен кадар во установите. Вкупниот број на лица кои чекаат прием, а ги исполниле условите за смесување е 131 лице, како резултат на условите и недоволниот број на капацитети за овој вид на институционално сместување“, посочува ревизорот.
Во овој дел упатува на тоа дека потребите за стручен кадар не се во целост задоволени кај сите јавни установи, односно има недостаток на кадар како негувателки, хигиеничарки, медицински сестри, терапевти. Во дел од јавните установи пак здравстваената заштита од страна на лекари, специјалисти, се оебзбедува преку ангажирање на надврешни лица а во дел не е склучен договор со елкар, туку се користи матичниот лекар, со што според ревизорот не се задволуваат потребите за целосна и навремена заштита на старите лица.
Во дел од домовите за сместување на стари лица, се на минимум од пропишаните нормативи и стандарди, што влијае на квалитетот на живеење на старите лица, посочува ревизијата. Во реновираниот дом во Битола пак, посочен како позитивен пример, условите значајно се подобриле како резултат на реконструкцијата на објектот, иако и таму се констатирани слабости, кои поради малиот простор не се во согласност со стандардите.
Токму овие состојби, според државната ревизија се и причина за тоа што има отстуство на стручен кадар.
Слабости се регистрирани и кај дел од јавните установи кои се под надлежност на Фондот за пензиско и инвелидско осигурување:
“Пензионерскиот дом во Свети Николе се наоѓа во лоа состојба и услови за живеење кои не ги задоволуваат во целост основните стандарди на живеење а во изминатиот еприод Фонот нема вложено средства за нивно реновирање“, се вели меѓудругото во ревизорскиот извештај и се додава:
“Во пензионерските домови во Гостивар и Куманово условите не се на задоволитено ниво. Слична е состојбата и во домот во Виница, каде условите не се на завидно ниво, прозорците, подот и санитарните јазли се стари“.
Како позитивен пример се посочени сместувачките капацитети во Скопје, како и становите за пензионери во Прилеп и во општина Аеродром.
Потреба од инфраструктурни вложувања...
Ревизијата покажува дека нов дом за стари лица има во Берово, со пари обезбедени од општината и од донанции. Реконструкација е направена и во Домот за стари лица – Битола, а планирана била изградба на ваква институција и во Кочани.
Ревизорите, меѓудругото упатуваат на потребата од надминување на проблемите со финансирањето на надлежностите на општините за заштита на стари лица, длабинаска анализа на тоа дали средствата од блок дотациите за оваа намена се доволни, инвестирање во социјална инфраструктура преку зголемување на бројот на јавни установи и други институции за сместување и грижа на стари лица.
“Воспоставениот начин на планирање и реализација на активностите со обезбедување на неопходните финансиски средства не овозможува да се оставрат поставените цели за намалување на социјалната исклученост на старите лица и подобрување на квалитетот на живото на истите“ – нотира ревизорот.
Централна институција која врши креирање и развој на политики, стратешко планирање, управување и надзор над законитоста од областа на социјалната заштита е Министерството за труд и социјална заштита.