Советник на Осама бин Ладен осуден на доживотен затвор во САД
Објавено во: Свет 15 Мај, 2015 19:30
Саудиски државјанин, за кого американските власти сметаат дека е еден од најблиските советници на Осама бин Ладен, беше осуден на доживотен затвор од федералниот суд во Њујорк денес. Пресудата е поради неговата улога во смртоносните напади врз амбасадите на САД во Кенија и Танзанија во 1998 година.
Калед ал Фауаз ја доби пресудата, откако во февруари беше прогласен за виновен од судот по четири обвиненија за заговор. Тој не бил конкретно обвинет дека планирал или учествувал во бомбашките напади врз двете амбасади, во кои загинаа 224 лица, а над 4.000 беа повредени.
Наместо тоа, обвинителите го обвинија дека како клучен соработник на Бин Ладен во Лондон кој испраќал закани за убиство до медиумите, со што особено помогнал светот да дознае за декларацијата на покојниот лидер на Ал Каеда од 1996 година, со која тој и објави војна на САД.
Според други обвиненија Халед ал Фауаз раководел со камп за обука на терористи и терористичка ќелија, а исто така испраќал и пораки на членовите на Ал Каеда во Африка. Ал Фауаз беше екстрадиран во САД од Велика Британија во 2012 година.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




