Совршена измама за добивање стан: Скопјанка трошоците ги платила преку такси
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2022 12:52
Триесет и деветгодишна жителка на скопско село вчера во тетовската полиција пријавила измама. Таа поверувала на измамник дека ако даде пари за трошоци, тој преку хуманитарна организација ќе и обезбеди стан.
- Според пријавеното, лицето и ветило дека ќе и помогне да ѝ доделат стан преку хуманитарна организација, но за подмирување на одредени трошоци побарало од неа преку таксист во Тетово да му испрати извесна сума пари. Како што е пријавено, таа му ги дала парите на таксистот, а лицето со кое контактирала телефонски не се појавило во Тетово, по што сфатила дека е измамена - информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Полицијата сега презема мерки за расчистување и документирање на случајот.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




