30 Април, 2024
0.0276

Спас за Mакедонија: Живојно лежи на 100 милиони тони јаглен?!

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Отворање на подземен рудник кај Живојно и кај Мариово најавуваат од ЕЛЕМ, инвестиции проценети на вкупно половина милијарда евра. Според последните анализи, овие два рудника кријат вкупно околу 160 милиони тони јаглен, од кои се очекува значително да се продолжи животниот век на РЕК Битола. Катерина Попоска Најмалку 100 милиони тони јаглен крие јагленовото наоѓалиште Живојно кај Пелагонискиот басен. Ова го покажуваат геолошките и геотехничките истражувања на Живојно кои почнаа летото минатата година, а за кои ЕЛЕМ вложи 2,8 милиони евра. Државните Електрани до крајот на следниот месец треба да прецизираат кога и со каква динамика ќе почнат да отвораат подземно окно. Според новоименуваниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, за околу 3-4 години од Живојно  ќе треба да се вадат и првите количини на лигнит. “До крајот на 2012 година, истражувањата ќе завршат со  изработка на  Елаборати за рудните резерви и со тоа ќе се заокружи процесот на  истражувања за новиот рудник за јаглен во Живојно, кој е неопходен за продолжување на животниот век на РЕК Битола. Ова ќе биде уште еден рудник во Македонија, каде јагленот ќе се вади со примена на подземна технологија за експлоатација. Почетните проценки се дека геолошките резерви се околу 100 милиони тони јаглен, а по ревидирањето на Елаборатите од деталните геолошки доистражувања, ќе се знае прецизната бројка од рудните резерви на јаглен со кои ЕЛЕМ ќе може да располага. Во почетокот на 2013 ќе бидеме во можност да започнеме со изработката на Главниот  Рударски проект за отворање и експлоатација на јагленот од наоѓалиштето Живојно“, велат од ЕЛЕМ. Отворањето на подземен рудник во Живојно се проценува на околу 100 милиони евра. Според најавите, главниот транспортен систем за јаглен од Брод Гнеотино до Суводол е димензиониран за да ги прифаќа и транспортира количините на јаглен и од лежиштето Живојно. Анализите на ЕЛЕМ, Градежниот институт Македонија и на Геинг и Хидроинженеринг во јули минатата година покажаа дека од Живојно најверојатно ќе се вадат најмалку 2,5 милиони и три милиони тони јаглен годишно, што е доволно за да се отвори една нова термоелектрана со капацитет од 200 до 300 мегавати. Калоричната вредност на примероците од лигнитот од 8.100 килоџули за килограм покажале јагленот од Живојно има калорична вредност поголема од јагленот што се вади од рудникот Суводол, од кој потоа се произведува струја во РЕК Битола. Квалитетот на ископаните примероци на јаглен се испитуваа во Рударскиот институт во Белград. Мариово располага со 62 милиони тони јален Од ЕЛЕМ најавуваат и дека во тек е и изработката на Главниот рударски проект за отворање на рудник за јаглен со подземна експлоатација во Мариово. Во изминатите две години ЕЛЕМ ги заврши деталните геолошки истражувања кои покажаа дека Мариово најверојатно лежи на  62 милиони тони јаглен. “Главниот  проект ќе биде подготовен до крајот на 2012 година, а со добиените резултати во план е  изготвување на  Физибилити студија за изградба на нова термоелектрана од 250-300 мегавати (МW). Врз основа на овие резултати, во текот на 2013 година ќе биде дефинирана и динамиката на реализирање на овој проект, чија заедничка вредност иницијално е проценета на околу 400-450 милиони евра“, објаснуваат за “Фактор“ од ЕЛЕМ. На последната отворена владина седница, директорот Бошковски изјави пред премиерот и пред јавноста дека ова е најдалечен за реализација од предвидените рударски проекти.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво