СПАС ЗА ОХИС: Изградба на станбен комплекс, за работниците социјален пакет!
Објавено во: Анализа 20 Октомври, 2012 09:59
Во моментов, главната причина поради која изгледите и на овој тендер се мали, е инсистирањето да се продолжи дејноста на ОХИС. Со оглед на состојбата во која се наоѓаат производствените капацитети, тоа според упатените, е скоро невозможно. Со нив може да се произведуваат само сапуни, детергенти, бои и лакови и други продукти со технологи и квалитет кој значително заостанува зад денешните стандарди.
За да привлече купувачи, Владата во тендерот предвидува дел од капацитетите да можат да се пренаменат и за друга индустриска гранка, но тоа се покажа како недоволно. Единственото излезно решение е потенцијалниот инвеститор да не се обврзува на ништо, туку да се остави на него дали и што ќе произведува. Веќе е извесно, дека најголеми шанси за успех на тендерот и за пријавување на голем број на заинтересирани е доколку се овозможи преку промена на Деталниот урбанистички план на местото на фабриката да никне нова населба. За тоа потребно ќе биде да се деконтаминира земјиштето, но тоа нема да биде пречка за купувачите со оглед на атрактивноста на локацијата. На ова упатува и последниот завршен тендер, на кој се пријави само една фирма од Бугарија, но нејзина дејност е градежништвото. Поради тоа, Министерството за економија за отфрли понудата и реши ОХИС повторно да оди на нов тендер. Остана нејасно само зошто се прави нов обид, ако воопшто нема промена на условите за продажба, кои и на деветтиот тендер останаа исти како и на осмиот. М.В.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





