15 Јануари, 2025
0.0259

Спасов: Меркел што ќе зацрта, тоа и остварува

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел она што ќе го науми не го заборава и го остварува до крај, а нејзниот авторитет и углед на некој начин се гаранција дека референдумот на 30 септември ќе ја постигне својата цел, тврди за „Фактор“ аналитичарот Ѓорѓи Спасов.

Меркел в сабота на 8 Септември пристигнува за прв пат во Македонија за да му даде поддршна референдумот за прифаќање на договорот од Преспа и отворање на патот кон НАТО и ЕУ, а оваа недела меѓу високите политички гости во Скопје ќе се најдат и имињата на австрискиот канцелар Себастијан Курц и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Спасов, како политиколог и поранешен дипломат, смета дека посетата особено на Меркел  ќе делува во корист на исходот на референдумот на 30 септември, односно ќе влијае на зголемување на гласачкото тело и позитивниот став пред изјаснувањето. 

- Посетата на канцеларката Ангела Меркел на Македонија е од историски значење и важност. Тпоа е политичар со најголем углед не само во Европа туку и во светот во моментов и со огромно влијание врз светските збидувања. Нејзината подршка на Договорот меѓу Македонија и Грција е без сомнение еден вид гаранција дека тој ќе се почитува од двете страни. Гаранција дека со тој Договор Македонија си го трасира патот кон членството во НАТО и во ЕУ. Гаранција дека остануваме Македонци а нашиот јазик македонски. И затоа верувам дека таа со нејзиниот авторитет ќе влијае врз зголемување на излезноста на 30ти септември и врз оние што се уште се колебаат околу тоа дали треба да се подржи договорот. Сигурен сум дека нејзината подршка ќе ја поттикне и бизнис заедницата во Македонија да се ангажира повеќе за подршка на Договорот бидејќи Германија е нашиот најзначаен и најголем трговски и бизнис партнер во Еврапа. Од големо значење е секако и доаѓањето на Себастијан Курц и на Јенс Столтенберг, но тие веќе биле во Македонија и само ќе ја потврдат нивната подршка за овој според мене мировен договор со Грција - вели поранешниот амбасадор во Бугарија, Молдавија, Велика Британија, Ирсјка и Исланд.

Професорот вели дека Меркел и високи гости коннема директно да бараат ништо од опозицијата и да вршат притисок истата позитивно да се изјасни за референдумот, односно да го соопшти ставот и да го повика членството на излезеност.

- Опозицијата сама ќе оцени што треба да прави по овие посети на значајни личности на Македонија. Таа мора да мисли и на денот по референдумот и на деновите по промената на Уставот и на времето кога во иднина ќе треба да прави влада, да соработува со партии на Албанците од Македонија и да добие подршка за својата власт од стратешките партнери на Македонија во светот. Оттука. Никој не мора директно ниту да ја повикува опозицијата да гласа ниту да ја убедува во важноста на овој процес.Ќе и биде речено само дека секој политички субјект во Македонија треба да го согледа и превземе својот дел од одговорност ако овој процес на интегрирање на Македонија во НАТО и во ЕУ сега биде закочен. Не треба ВМРО ДПМНЕ да се потсетува колкава помош таа партија добиваше и добива од Европските народни партии, од ЦДУ на Ангела Меркел, од Фондацијата Конрад Аденауер и од други свои политички партнери во ЕУ чие мислење тие очекуваат ВМРО ДПМНЕ да го почитува. Но, нема да бараат ништо директно од Мицковски или од парламентраците кои се во опозиција - смета Спасов.

За тоа каква порака ќе пренесат во јавноста високите политички претставници, тој вели дека пред се преку медиумите ќе ги охрабрат граѓаните дека уставните промени не значат страв и опасност по земјата.

-.Клучната порака ќе биде дека тие се овде да не подржат во нашата желба Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ, да не охрабрат во насоката на решавање на споровите со нашите соседи и да не ослободат од стравот дека може да бидиме измамени од соседите откако ќе го прифатиме договорот со Грција и ќе го промениме Уставот. Според мене тие не само што ги подржуваат Договорите за добрососедство што ги потпишува Македонија туку, како и во случајот со Рамковниот договор од Охрид се еден вид гаранти дека тие ќе се почитуваат од двете страни. А тоа е многу значајно за голем број граѓани на Македонија кои се уште не им веруваат на соседите, па ниту на на ЕУ, па ниту на домашните политички елити. Госпоѓата Меркел во сите свои досегашни мандати покажа дека нејзе може да и се верува и дека таа располага со моќ да го реализира ветеното и она што јавно го подржува - анализира Спасов.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори