Спасовски: Нема да го менуваме Уставот, нема отстапки ни за милиметар
Објавено во: Македонија 01 Март, 2017 20:09
Екс министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски во гостувањето на „Топ тема“ на Телма посочи дека граѓаните не треба да се плашат дека ќе учат задолжително албански или дека ќе трпат казни.
- Го разбирам стравот на граѓаните, јас постојано сум во контакт со нив. Засега не сме разговарале со ДУИ подлабоко за некакви решенија. Го почитуваме целосно Уставот и од тоа нема отстапки ниту милиметар, тој не може и не смее да се смени. Без оглед што сега немаме мандат нема никакви разговори со ДУИ кои задираат во унитарноста и суверенитетот. Сепак, мора да се знае дека барањата кои ги наметнаа албанските партии треба да се дискутираат, рече Спасовски одговарајќи на прашањата на Снежана Лупевска дека постои реален страв кај граѓаните од рушење на унитарноста и суверенитетот на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




