СПАСОВСКИ ОСТАНУВА НА ЧЕЛО НА МВР: Се крои новата Влада
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2022 20:08
Оливер Спасовски, актуелниот министер за внатрешни работи, најверојатно ќе остане на истата позиција и во новата Влада која ја составува мандатарот Димитар Ковачевски. Иако официјално сите министри не се обелоденети и се тврди дека конечните одлуки не се донесени, извори брифираат дека Спасовски секако ќе биде дел од новиот владин состав и нема да ротира од ресорот.
Спасовски на крајот на декември си поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ.
Тој претходно изјави дека 28 години се вложил во партијата и најави дека после 1 јануари ќе каже дали ќе остане во владиниот тим.
„На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим“, порача Спасовски.
Инаку според информациите, за новата Влада треба да се разговара во СДСМ утре вечер на координација.Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




