Спасовски: Полицијата ќе ги проверува домовите и по допрен глас
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2020
„Во ниту еден момент нема да го нарушиме неприкосновеното право на домот, но ќе мора да има контроли. По допрен глас, или по пријава, полицијата ќе може да интервенира кај сопственикот и да провери дали има повреди на мерките против Ковид-19 или не, рече Оливер Спасовски за „Слободна ТВ“.
Ова министерот за внатрешни работи го рече во контекст на најавеното донесување на пакетот на рестриктивни мерки како законски измени во Собранието, дополнувајќи дека полицијата се координира со кризниот штаб.
Зборувајќи за честите полициски контроли низ градските улици, Спасовски истакна дека Министерството за внатрешни работи продолжува со активности во областа на сообраќајните прекршоци.
„Контролите се спроведуваат низ целата земја. Одредени општини се посочени врз основа на однапред разработениот план, со цел да се намали хаосот што е присутен во сообраќајот. Во овој период беа откриени над 14.000 прекршоци. Активностите продолжуваат и во делот на носењето заштитни маски. Во просек имаме 1.000 казнети лица дневно поради неносење маски“, рече Спасовски.
Спасовски е дециден дека буџетот е во добра состојба и преку казните се решава сериозен проблем како што се сообраќајни несреќи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.