19 Декември, 2025
0.0501

Спасовски: Средбата со Вартоломеј беше иницијатива на Владата

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2020 10:18

Добивај вести на Viber

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција рече дека средбата со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во Истанбул била на иницијатива на Владата и дека комуникацијата со Цариградската Патријаршија ќе продолжи и понатаму.

- Оваа средба дојде како иницијатива од минатата година на Владата. Имаше за цел да воспостави динамична непосредна комуникација со Цариградската Патријаршија. Изразив надеж дека и оваа година патријархот ќе поттикнува дијалог да се изнаоѓаат решенија за проблемите кои постојат во православниот свет. Оваа наша заемна комуникација ќе продолжи и понатаму. во рамките на Вселенската патријарпија. Го поканив Вартоломеј да ја посети нашата држава што е чест за верниците и за МПЦ, одговори Спасовски на новинарско прашање.

Тој во придружба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, оствари средба со духовниот лидер на православните патријаршии во Цариград.

На средбата, која се оствари како резултат на поканата што Вселенскиот Патријарх ја упати до Заев додека беше премиер на Владата на нашата земја, Спасовски на поглаварот на Цариградската патријаршија му го честиташе празникот Христовото раѓање – Божик.

„Средбата во седиштето на Цариградската Патријаршија се одржа во пријатна атмосфера и во срдечниот разговор беше изразена надеж дека и оваа година Патријархот Вартоломеј, во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за изнаоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и верниците“, гласеше вчерашното владино соопштение.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот