Спасовски вети поддршка за мали и средни претпријатија и бизнис идеи
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2016 13:37
Носителот на листата на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ во ИЕ 2, Оливер Спасовски и кандидатите за пратеници денеска во Куманово презентираа мерки за развој на малите и средни претпријатија.
Спасовски вети државна помош вредна 140 милиони евра за малите и средните претпријатија, наместо пропаднати проекти. Најдобрите бизнис идеи ќе бидат поддржани со 10.000 евра неповратни средства. Ќе има и мерка со која се овозможува отворање на фирма со основачки капитал од само едно евро.
„СДСМ преку „Планот за живот во Македонија“ нуди вистинска и суштинска помош за малите и средни претпријатија. Домашните претпријатија се моторот на целокупната економија и затоа се обврзуваме на државна помош во висина од 140 милиони евра наменети за малите и средни претпријатија“ - вели Спасовски.
Најави и отворање на старт-ап центри каде што новите фирми ќе користат бесплатен простор, правни и сметководствени услуги. Спасовски вели дека ќе ги преполоват казните и ќе ги вратат опомените. Вели дека веќе нема да има казни заради реваншизам и неподобност.
Носителот на листа објасни дека домашните компании се двигателот на економскиот раст.
Спасовски констатираше дека 10 години се уништува економијата и секој сегмент во земјата.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




