СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРЕТСТАВНИК СТЈУАРТ ПИЧ ОД ОК ВО СКОПЈЕ: Каква донација ќе добијат припадниците на Армијата?
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2022
Скопје денеска е домаќин на двајца високи функционери. Покрај претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, во земјава денес е и Стјуарт Пич.
Пич е специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан .
Според најавите, Стјуарт ќе се сретне со шефот на државата Пендаровски, собранискиот спикер Џафери, премиерот Ковачески и неговиот заменик Груби, но и со министерите Спасовски, Османи и Славјанка како и со лидерот на опозицијата Мицкоски.
Она што е посочено како цел на посетата на специјалниот претставник е да се посочи посветеноста и поддршката на Обединетото Кралство за Македонија на патот демократијата, владеењето на правото и справивањето со криминалот и корупцијата.
Она што посебно е нагласено е што Стјуарт попладнесо министерката за одбрана Славјанка Петровска и британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон ќе присуствуваат на примопредавањето на донацијата од Обединетото Кралство која вклучува 14 мобилни единици за обука за припадниците на Армијата во урбана средина.
фото: кабинет на претседател.мк