Специјална понуда од Охрдиска банка на Саемот за мебел 2015
Објавено во: Мои пари 25 Март, 2015 11:10
Охридска банка е присутна со штанд на Саемот за мебел 2015, каде што заинтересираните посетители ќе можат да добијат дополнителни информации за специјалната понуда на банката.
Охридска банка подготви специјална понуда за сите посетители на Саемот за мебел 2015 кои ќе можат да го опремат својот дом лесно, брзо и поволно. Понудата е валидна во периодот од 24 март до 9 април 2015 година.
За време на овој период, кеш кредитот со кредитно животно осигурување од Охридска банка, наменет за купување мебел, опрема и останати репроматеријали од изложувачите на Саемот за мебел 2015, е со пониска каматна стапка од 6,45%, фиксна за првата година и без административен трошок за одобрување на кредитот.
Сите заинтересирани за кеш кредит кои при аплицирањето во експозитурите на Охридска банката ќе го донесат промотивниот саемски леток од банката и фактура од еден од изложувачите на саемот, ќе добијат кредитна картичка (MasterCard или VISA) без членарина за првата година, со предодобрен лимит од 30.000 денари.
Покрај ова, посетителите на Саемот за мебел 2015 ќе добијат дополнителни 5% попуст од трговците‑партнери на Охридска банка присутни на саемот, доколку аплицираат за кеш кредит од банката.
На штандот на Охридска банка ќе присуствуваат претставници од банката кои ќе им бидат на располагање на сите посетители заинтересирани за дополнителни информации во врска со кеш кредитот, помош при пресметки и поднесување барање за кредит.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




