СПИЈАТ ПОД МОСТОВИ, ВО ПАРКОВИ И НАПУШТЕНИ ОБЈЕКТИ: Kолку бездомници има во Македонија?
Објавено во: Македонија 20 Мај, 2021
Податоците на Министерството за труд и социјална политика покажуваат дека во државата има 296 бездомници, при што најголем дел од нив се од Скопје.
Но, реално се смета дека бројката е поголема, затоа што многу бездомници од страв и срам не се пријавуваат. Тие ја изгубиле вербата во системот. Најчести причини поради кои останале без свој покрив над главата се нерасчистени имотно – правни односи, пороци, разводи или пак издржувале долги години затворски казни, а по излегувањето од затвор немаат ништо на свое име и немаат каде да живеат. Меѓу бездомниците има и цели семејства кои спијат по паркови или под мостови. Мажите се побројни во однос на жените. Дел од бездомниците преживуваат со просење, а има и такви кои работат и остваруваат приходи.
„Во двата дена, среда и петок кај нас доаѓаат 150 корисници. Тие најчесто се на возраст од 45 до 60 години. Добиваат храна, лекови, можност да се искапат, нечистата облека ја оставаат за перење, потоа на следното доаѓање си ја земаат. Имаме фризер, лекар, социјален работник, психолог кој им е на располагање. Им се помага за вадење на документи доколку тоа е потребно, или да остварат некое право. Меѓу бездомниците има и такви кои се работоспособни. Ние успешно имаме реинтегрирано 15 луѓе, кои се вработени во фирми, самите се грижат за себе, и повеќе не доаѓаат во пунктот затоа што се свесни и не сакаат да го заземат местото на некој друг“, вели Драгана Лазаревска, координаторката на пунктот за бездомници Црвен крст во Момин Поток.
Помош и поддршка им се пружа и во студените зимски денови.
Згрижување на бездомник може да се оствари само по претходно добиена согласност од самото лице, велат од МТСП.
„Во рамки на редовна теренска работа, но и по дојава од граѓани, здруженија и други институции, постапуваат Центрите за социјална работа. Во случај на ризик од бездомништво, месно надлежниот Центар за социјална работа спроведува постапка за заштита на лице кое се нашло во положба од социјална потреба во првостепена постапка. Во постапката се испитуваат околности кои се однесуваат на:утврдување на потребите на лицето во социјален ризик; можноста за обезбедување на семејна поддршка; исполнетоста на условите за остварување на право од социјална заштита (парична или друг вид на помош); утврдување на потребата за обезбедување на инстиуционална заштита, при што, врз основа на спроведената постапка и фактичката состојба Центарот за социјална работа донесува соодветна одлука за примена на најсоодветен облик на заштита за корисникот“, додаваат од МТСП.
Според проценките на Обединетите нации, во светот има повеќе од 100 милиони бездомници.
Сања Атанасовскаfoto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.