Спикерот Вељаноски денеска ќе ги распише изборите
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2016
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска ќе се сретне со првиот човек на ДИК, по што ќе биде потпишано решението за избори на 11-ти декември.
Тој во 11 часот ќе има средба со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, информираат од кабинетот.
Во 12 часот ќе потпише Решение за распишување предвремени парламентарни избори.
Распишувањето на изборите следи по вчерашното распуштање на македонскиот Парламент.
ДИК ќе треба да ги организира изборите, а од денеска веќе течат роковите за изборните дејствија.
Со 110 гласови „за“ пратениците вчера попладне ја донесоа одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, со што се овозможува одржување предвремени парламентрани избори на 11 декември. Ова е согласно договорот на лидерите на четирите најголеми политички партии за надминување на политичката криза.