Спој на филмската уметност и врвното вино
Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2016 12:40
Познатите имиња на светската кинематографија и бројните љубители на филмската уметност кои присуствуваат на годинешното, 37-мо издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, имаат можност да уживаат во вината на „Тиквеш“.
И оваа година уникатниот спој на светската филмската уметност и врвните, автентични македонски вина, започна уште на свеченото отворање на фестивалот, кое традиционално се одржа во Центарот за култура во Битола.
Вината на „Тиквеш“ придонесоа и за одличната атмосфера и впечатоците на премиерното прикажување на филмот „Ослободување на Скопје“, со коешто и официјално беше отворено годинешното фестивалско издание. По тој повод, на познатиот Раде Шербеџија, како и на целокупната филмска и актерска екипа, им беа доделени специјално наточени вина на „Тиквеш“ со персонализирани етикети. ВВ „Тиквеш“ ја поддржува реализацијата на овој филм и неговата промоција и афирмација ширум светот.
На овој начин, преку вината на „Тиквеш“, светските филмски уметници одново имаат можност да вкусат дел од автентичната македонска винска приказна и да ја прошират низ целиот свет пораката дека овде во Македонија, покрај тоа што се препознаваат уметнички вредности и квалитети, се креираат и уникатни вински брендови.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка






