СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува
Објавено во: Македонија 08 Декември, 2025 13:21
Партиските препукувања за поврзаноста на Ивица Томовски со фирма која добила 161 тендер денеска продолжија и покрај празничното расположение.
- Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е шаблон кој денеска го разоткриваме целосно. Зошто Томовски овие денови толку многу се труди да покаже дека нема никаква поврзаност со семејната фирма? Иако Витомир е негов татко, Кутановски негов роднина, внукот, зетот се негови, дури и неговиот број е пријавен како контакт во семејната фирма. Затоа е нервозата? Затоа што се фатени живи! - изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
Таа додаде дека „како и во секоја антикорупциска борба, најважно е да се следат парите“.
- АКТ на СДСМ го следеше трагот на парите и еве го одговорот: Томовски е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од оние кои најмногу сакаат да се истакнат со големи суми. Само во 2021 година донирал 8.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ.
499.700 денари, 100.000 денари, 70.000 денари, 100.000 денари, редовно Томовски уплаќа на сметката на ВМРО-ДПМНЕ.
И не само Томовски. И неговиот зет, Кутановски е донарот на ВМРО-ДПМНЕ исто така.
Семејна фирма, семејни донации - нагласи Кузеска.
Потоа додаде дека се е јасно, и дека на овој начин парите завршуваат во белата палата.
- ДКСК и Јавното обвинителство да не молчат туку да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски.
Крадењето на народот мора да престане, сите криминалци да одговараат.
АКТ на СДСМ продолжува да ги открива криминалите на власта на Мицкоски.
Работата не е завршена - заклучи на крајот Кузеска.
Но, нејзината пресконференција не беше единствената. Напротив и претставниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска се огласија со пресконференција на темата фирми блиски или во сопственост на Томовски.
- Каде е тука криминалот? Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ како и илјадници други, а податоците се и јавно достапни - рече Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, прашан за обвинувањата од СДСМ за наводни злоупотреби на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, и дека неговата семејна фирма добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра.
Во одговор на новинарско прашање на прес-конференција денеска Манасиевски рече дека „тимот за одбрана на криминалот на Заев и Филипче кои го претставуваат за антикорупциски тим мислат дека сега ја открија Америка“.
- Големото откритие е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, како и илјадници други, а податоците се и јавно достапни. Прашањето е каде е тука криминалот? Јасно е дека нема. Наместо текстовите да им ги пишува Зоран Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица. Тие ќе им кажат дека ваквата реторика освен правење димна завеса за прикривање на криминалот на Зоран Заев, нема никаква друга релевантност - кажа Манасиевски.
Лага е тврдењето на СДСМ, рече, дека фирма на Томовски добила милионски тендери затоа што тој „нема фирма и нема никакви приходи од споменатата компанија која и таа самата тоа го потврди“.
- СДС велеа дека главниот број на фирмата е бројот на Томовски. Вистината е следна: службените броеви на компанијата се други, а личниот број на Томовски е негов со години. СДС тврди дека Томовски бил донатор на ВМРО ДПМНЕ и тоа било потврда дека тој имал бизниси. Вистината е следна: јавен и никогаш скриен податок е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, и тоа не значи кршење на било каков закон. Во овие три наврати се потврдува дека СДС лаже. Но, го прашуваме Венко, дали не е криминал тоа што додека тој е министер, негов министер и колега вицепремиерот Кочо Анѓушев му ги градеше модуларните болници од кои една се запали и загинаа 14 наши сограѓани? Кога тимот за одбрана на криминалот на Венко и Заев ќе го испита овој случај? Тоа треба да одговорат, додаде Манасиевски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство
ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николовски сподели видео на социјалните мрежи
Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов
„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве
„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски
Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак
Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски
ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена
НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите





