Добивај вести на Viber
Доколку украинската војска го заземе аеродромот во Донецк тоа ќе значи војна од пошироки размери, пишува денес агенцијата „Спутник“.
„Имајќи ја предвид исклучителната воено – стратешка важност на аеродромот, неговата окупација од страна на киевските воени сили ќе послужи како знак за војна од поголеми размери во сегашноста или во најблиската иднина“, објавува „Спрутник“, пренесува „Гласот на Русија“.
Агенцијата укажува дека украинската војска, доколку го заземе аеродромот, постојано ќе може да добива засилување и техника што пак ќе и овозможи, меѓу другото, да се врати кон бомбардирање со кластерна и фосфорна муниција на територијата на ДНР и ЛНР, вклучувајќи и бомбардирање врз граѓаните.
Токму затоа, како што додава „Спутник“, дејствувањата на бунтовниците на аеродромот се „исклучително одбрамбени“.
Агенцијата подвлекува дека ситуацијата на „замрзнат конфликт“ не оди во прилог ниту на Киев ниту на Вашингтон. Тие сакаат што е можно побрзо да ги уништат бунтовниците и во Источна Украина да биде неутрализиран отпорот против властите кои се зацврстија за време на Евромајдан.
„Спутник“ смета дека Киев „порано или подоцна“ ќе се обиде да ги искористи заземените позиции со цел „еднаш засекогаш“ да ја отстрани опозицијата. Тоа пак на крај може да доведе до воени дејствија кои би се одвивале во непосредна близина на границата со Русија.
Претставници од ДНР соопштија претходно дека во текот на изминатите 24 часа биле убиени 40 припадници на украинските сили за безбедност во борбите во Донецк како и дека биле уништени два тенка.