19 Ноември, 2024
0.0273

МАКРОН И ЛАВРОВ ЛИЦЕ ВО ЛИЦЕ: Како реагира светот откако Украина нападна со американските ракети, а Путин ја смени нуклеарната доктрина

Објавено во: Свет 19 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

На самитот на Г20, францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се ракуваа, што го привлече вниманието на светската јавност.

Ракувањето меѓу Макрон и Лавров доаѓа во време на тензични односи меѓу Западот и Русија поради ескалацијата на војната во Украина на точно 1000-от ден од почетокот.

На самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро, францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се ракуваа. Ова привлече големо внимание кај светската јавност, а на социјалните мрежи веќе кружи видео од овој краток, но значаен момент.

Средбата и ракувањето меѓу Емануел Макрон и Сергеј Лавров доаѓа во време на напнати односи меѓу Западот и Русија поради ескалацијата на војната во Украина. Овој гест може да биде симболичен показател за дипломатските односи на високо ниво, а особено е интересен во контекст на отсуството на американскиот претседател Џо Бајден од заедничката фотографија поради логистички проблеми, како што наведуваат од Белата куќа.

Самитот на Г-20 ги собира лидерите на најмоќните светски економии, а се одржува од 18 до 19 ноември во Рио де Жанеиро. Овој настан е платформа за дискусии за клучните глобални прашања, вклучувајќи ги и актуелните геополитички предизвици.

Што рече Макрон за одлуката на Бајден?

На маргините на самитот, Макрон рече дека САД донеле „добра одлука“ за укинување на ограничувањата за употребата на ракети од Киев. „Русија е единствената сила што реши да ја ескалира ситуацијата. Токму тоа доведе до одлуката на САД“, пренесува Политико.

Политико наведува дека потегот на американскиот претседател во заминување Бајден е одговор на ескалацијата на рускиот конфликт со Украина, во кој Русија наводно ја користи војската од Северна Кореја. Одлуката да се дозволи употреба на американско оружје за напади на руска територија од страна на Украина може дополнително да ги влоши тензиите во регионот. Според најновите информации кои денеска ги објавија бројни светски медиуми, но потврди и самата Украина, тие веќе употребиле балистички ракети ATACMS и целела воен објект во близина на градот Карачов во областа Брјанск.


Можеби ќе ве интересира

ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА ВОЈНАТА ВЛЕЗЕ ВО ОДЛУЧУВАЧКА ФАЗА: Најави дел од плановите на Украина

ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА ВОЈНАТА ВЛЕЗЕ ВО ОДЛУЧУВАЧКА ФАЗА: Најави дел од плановите на Украина

И СЕГА ШТО ДА ОЧЕКУВА СВЕТОТ? Украина ја нападна Русија со американски ракети ATACMS - погодено складиште во Карачев

И СЕГА ШТО ДА ОЧЕКУВА СВЕТОТ? Украина ја нападна Русија со американски ракети ATACMS - погодено складиште во Карачев

НЕ ЕДЕН, ТУКУ ДВА ПОДВОДНИ КАБЛИ СЕ ПРЕСЕЧЕНИ ВО БАЛТИЧКОТО МОРЕ:. „Ова е хибридна војна“

НЕ ЕДЕН, ТУКУ ДВА ПОДВОДНИ КАБЛИ СЕ ПРЕСЕЧЕНИ ВО БАЛТИЧКОТО МОРЕ:. „Ова е хибридна војна“

ХОРОР ВО КИНА - ЏИП ВЛЕТА ВО ДЕЦА ПРЕД УЧИЛИШТЕ: има повредени, родителите го фатија возачот (ВИДЕО)

ХОРОР ВО КИНА - ЏИП ВЛЕТА ВО ДЕЦА ПРЕД УЧИЛИШТЕ: има повредени, родителите го фатија возачот (ВИДЕО)

ПУТИН СТАВИ ПОТПИС – ЈА ПРОМЕНИ НУКЛЕАРНАТА ДОКТРИНА НА МОСКВА! Еве кога Кремљ може да користи атомско оружје

ПУТИН СТАВИ ПОТПИС – ЈА ПРОМЕНИ НУКЛЕАРНАТА ДОКТРИНА НА МОСКВА! Еве кога Кремљ може да користи атомско оружје

НАРЕДНИТЕ ДВА МЕСЕЦИ СЕ НАЈОПАСНИТЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ДЕЦЕНИИ: Унгарскиот министер за надворешни работи предупредува

НАРЕДНИТЕ ДВА МЕСЕЦИ СЕ НАЈОПАСНИТЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ДЕЦЕНИИ: Унгарскиот министер за надворешни работи предупредува

ДАЛИ ОДЛУКАТА НА БАЈДЕН ЈА ТУРНА ПЛАНЕТАТА КОН ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА? Што значи зеленото светло од американскиот претседател?

ДАЛИ ОДЛУКАТА НА БАЈДЕН ЈА ТУРНА ПЛАНЕТАТА КОН ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА? Што значи зеленото светло од американскиот претседател?

СЕ ПРОТИВЕШЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Руски балетан падна од петти кат и загина

СЕ ПРОТИВЕШЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Руски балетан падна од петти кат и загина

МОГЕРИНИ: Оние кои ја слават победата на Трамп ќе зажалат

МОГЕРИНИ: Оние кои ја слават победата на Трамп ќе зажалат