17 Декември, 2025
0.0525

Србија бара итна истрага за убиството на навивачот во Турција

Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2014 11:58

Добивај вести на Viber

Српските власти бараат итна истрага за убиството на 25-годишен српски навивач синоќа во Истанбул, за време на кошаркарскиот натпревар Црвена Ѕвезда - Галатасарај. Инцидентот поприма дипломатски размери и заради една провокативна изјава од тренерот на турскиот клуб, кој ги нарече српските навивачи „терористи“. „Ја напаѓаа нашата полиција и нашите навивачи со факели и камења. Тие 300-400 терористи Евролигата би морала да ги суспендира тиа луѓе. Бев загрижен како граѓанин, на друго место нема вакви работи“, изјави тренерот на Галатасарај Ергин Атаман. Заради ваквата изјава српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека Атаман не е добредојден во Србија, а од турските власти побара сторителите на убиството веднаш да бидат откриени и најстрого казнети. Атаман потоа се извини за изјавата, велејќи дека во моментот кога кажал таква квалификација не знаел за убиството на српскиот навивач. „Сакам да им изразам сочувство на Црвена Ѕвезда и на навивачите, ме потресе оваа трагедија за која нема место во спортот или животот. За време на пресконференцијата по натпреварот не знаев за загубениот човечки живот“, истакна тренерот на домаќините.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата