СРБИЈА, ЦРНА ГОРА, АЛБАНИЈА, МАКЕДОНИЈА: Koлкав процент од населението се смета за сиромашно?
Објавено во: Економија 24 Октомври, 2025 19:53
За сиромашни во Албанија се сметале 54,2 отсто од граѓаните, во Црна Гора 50 отсто, во Македонија 48,4 отсто и во Србија 41,8 отсто.
Лани 17,4 отсто од населението на ЕУ се сметало за субјективно сиромашно, што е подобрување во однос на 19,1 отсто регистрирани во 2023 година, објави Евростат.
Грција има највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни (66,8 отсто), по што следуваат Бугарија (37,4 отсто) и Словачка (28,7 отсто). Најниски стапки се пријавени во Холандија и Германија (и двете 7,3 отсто) и Луксембург (8,5 отсто).
Гледајќи по возрасни групи, субјективната стапка на сиромаштија била највисока кај младите под 18 години, со 20,6 отсто. Кај луѓето на возраст од 18 до 64 години е 17,3 отсто, а кај постарите од 65 години е 14,9 отсто.
foto freepik.com/jcomp
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




