16 Декември, 2025
0.0368

Србија доби нов Тесла – еве го неговиот пронајдок!

Објавено во: Балкан 26 Март, 2014 08:18

Добивај вести на Viber

Во обновливата енергија се полагаат големи надежи и се вложуваат огромни суми на пари насекаде низ светот, а Србија е на чекор да го добие новиот Тесла. Инженерот Ратомир Шиник патентирал повеќе крилна ветерна турбина која е неспоредливо подобра, посилна и ефикасна од постоечката вертикална, пишува Новости. - Предноста на мојата турбина е во конструкцијата и се разликува од сите постоечки, затоа што патентот е потполно различен, вели Шиник. Сегашните турбини имаат вертикална основа и по две или три вертикални крила. Нивната лоша особина е што додека едно крило произведува струја, другото ја кочи па кога ќе се изедначи притисокот таа запира со работа. Мојата турбина може да има крила колку што е потребно, а не е ограничена со големината и седум до осум пати е појака од постоечките, додава тој. Турбината на Шиник, се прави според потребите. Може да се монтира на било кое место каде има силен ветер. Исто така може да се користи за семјни куќи, викендици или згради. ПРОТОТИП НА ЧЕКАЊЕ Шиник го направил прототипот на турбината, но како пензионер не е во можност да се занимава со масовно производство. Тој е сигурен дека ефектот од неа би бил одличен и дека вложувањето би се исплатело повеќекратно. Впрочем, идејата е ваква турбина која би се поставила на кровот на зградата да може да штеди струја за лифт и заедничко светло. Ова е исклучително добро решение и за оддалечени куќи до кои не е испатливо да се спорведе струја. На овој начин може да се полнат и акумулаторите на електрични автомобили. Може да се користи практично за се, па и за јахти, бидејки додека има ветер би се полнел акумулаторот и јахтата не би користела агрегат. Ветротурбината може да биде во било која големина и висина, а користи и било каква јачина на ветер и подеднакво е ефикасна. Иако е помала, неспородливо е по ефикасна и дава поголема сила од оние кои сега се користат. -Неодамна се појавија материјали кои се од пластика со нано честички, кои се полесни од претходните и поефикасни, вели Шиник. Ветерните турбини се голем хит на запад, бидејки е тренд да се користат обновливи извори на енергија. Секој може да користи обновлива енергија и да заработува. Во Македонија, минатиот викенд во тест функција беше ставен првиот ветерен парк со 16 турбини во Валандово. Според проценките на ЕЛЕМ во иднина тие треба да обезбедат струја доволна за да ги задоволи потребите на околу 60.000 граѓани. Во околината на Штип веќе е ставен во функција ветерен парк кој е приватна странска инвестиција. Во Македонија сепак досега се искористуваат само 17% на обнивлива енергија. K.K.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени